2 коментари 2 мин. читање

ASTLIBRA Gaiden: The Cave of Phantom Mist e додаток кој врши roguelike преобразба на класичната RPG игра

Неодамна, пишувавме за тоа како критички-признаената ASTLIBRA Revision излезе и за Nintendo Switch. Лесно импресионирани од играта, воопшто не ни беше тешко да ја ставиме на исклучително високо место и често да ја препорачуваме на играчите кои уживаат во класични RPG игри со уникатен визуелен стил.

ASTLIBRA Revision е игра која ја препорачуваме и доколку сакате:

  • Интригантна приказна
  • Огромен арсенал од уникатни оружја и магии
  • Комплексен систем за надградба
  • Бројни нивоа на тежина кои се прилагодуваат на вашите способности
  • Предизвикувачки непријатели и босови

Минатата недела, меѓутоа, излезе целосно ново DLC кое значително ја менува сржтта на играта. Насловено како ASTLIBRA Gaiden: The Cave of Phantom Mist, DLC-то нуди целосно нова дваесет часовна авантура, со целосно нов лик, во нови рандомно генерирани зандани со гејмплеј кој е заснован на roguelike механики.

Играјќи со нов лик, ќе треба да помогнете да девојката да си ја најде нејзината сестра така што секојдневно ќе навлегувате во различно дизајнирани и пополнети зандани. Девојката со која играте не е доволно силна за да користи бројни студени оружја, но е исклучително надарена за користење магични напади кои, за возврат, го поплочуваат патот за проширени и иновативни битки.

Додатокот се продава по цена од 10 евра, што навистина не е скапо, особено откако ќе ги земете во предвид бројот на новитете и целосната промена на клучните механики во играта.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: KEIZO
  • Издава: WhisperGames
  • Жанр: Action RPG, 2D Side Scroller, JRPG
  • Платформа: Microsoft Windows, Switch
  • Излезена на: 13 февруари 2024
Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

2 постари WordPress коментари
Мени
Заедница
Изглед
To top