Забраната на TikTok е бескорисна

Крајот на неделата го одбележуваат повиците за забрана и одбрана на TikTok. На 13 март Домот на претставници донесе предлог закон кој може да го забрани користењето на TikTok во САД. Федералните агенции имаа донесено препораки за некористење на друштвената мрежа од службените телефони, но оваа забрана е на сосем ново ниво.

ByteDance има шест месеци да го продаде TikTok. Ако компанијата не ја продаде, тогаш друштвената мрежа би можела да биде забранета во САД. За одлуката гласаа 352 претставници,  65 гласале против, а само еден бил воздржан.

Платформата за споделување на видео содржина во САД има 170 милиони корисници, а ја користат над 7 милиони мали бизниси. Логиката зад законот е дека Американците се заштитуваат од апликација која е контролирана од непријателска држава. Дополнително, претставниците кои гласаа за сметаат дека не станува збор за забрана, туку законот му дава избор на TikTok: да се раздели од кинеските сопственици или да престанат да работат во САД, пренесе Ars Technica.

Ако по овој перод TikTok продолжи да работи во САД предвидени се ригорозни казни. Компанијата би можела да биде казнета по 5000 американски долари за секој од 170 милиони американски корисници.

Photo by Claudio Schwarz on Unsplash

ByteDance веројатно нема да го продаде TikTok

Веројатноста дека ByteDance ќе го продаде TikTok не е голема, но ова не е причина дел од потенцијалните купувачи да не покажат интерес. Стивен Мнучин, кој беше државен секретар за финансии за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп, најави дека работи на создавање на инвеститорска група која ќе го купи TikTok. Мнучин го поддржа законот и додаде дека TikTok треба да биде продаден.

„Ова треба да биде во сопственост на американски бизниси. Нема шанси Кинезите некогаш да дозволат американска компанија да поседува вакво нешто во Кина“, вели Мнучин за CNBC.

За да биде донесен законот треба да биде поддржан од Сенатот, со тоа што актуелниот претседател Џо Бајден веќе потврди дека доколку законот дојде до него, тој ќе го поддржи.

Вредноста на ByteDance е проценета на околу 220 милијарди долари. За вредноста на TikTok засега нема ниту шпекулации, а само во 2023 TikTok забележал заработка од 16 милијарди долари во САД. Глобалните приходи на компанијата во 2023 биле 120 милијарди долари, што претставува пораст од 40 отсто во однос на претходната година. Во истата година TikTok беше и најчесто преземана апликација друштвена мрежа. За само една година забележале 47 милиони преземања, повеќе од Facebook 35 милиони и Instagram 34 милиони.

Забраната е штетна и за Американците

Иако нема сомневање дека најголема жртва на најавената забрана ќе биде TikTok, жртви ќе бидат и малите бизниси, инфлуенсерите и обичните корисници. Дел од причините поради кои TikTok е најчесто е критикуван не се уникатни за него. Модерирањето на содржина, проблеми со приватност на податоци се проблем за сите големи друштвени мрежи. Ова се потенцијално поголеми проблеми од „кинеската врска“ на TikTok.

Една од најчестите критики е дека кинеската верзија на TikTok им покажува на децата корисни научни експерименти, а во остатокот од светот компанијата праќа сосем различна верзија.


„Во [кинеската] верзија на TikTok, ако сте под 14 години, тие ви прикажуваат научни експерименти што можете да ги правите дома, музејски експонати, видеа за патриотизам и едукативни видеа. Исто така го ограничуваат на само 40 минути дневно. Не ја испорачуваат оваа верзија на TikTok до остатокот од светот“, вели Тристан Харис.

Сепак ова е проблем на сите друштвени мрежи, вели Џејсон Коблер во одличен текст за 404media. Сите друштвени мрежи им покажуваат куп штетни содржини на корисниците. Ако барем малку следите што се случува знаете за штетата која ја прави Instagram на тинејџерките; видеа на YouTube кои се користат за регрутирање на членови на ИСИС или Facebook и објавите за Мјанмар.

Ова доволно покажува дека TikTok и сеништето за кинеската контрола врз него, станаа универзална критика за кое секој што има какви било поплака од социјалните мрежи, да може да ги додаде своите аргументи, и стана боксерска вреќа со критика за злоупотреби кои може да се припишат на сите други друштвени мрежи.

Facebook, Twitter, Instagram веќе беа посочувани како локации кои се користат за државните агенции да собираат податоци за луѓето. Без посериозни промени за сите друштвени мрежи, забраната и барањето на TikTok да биде продаден звучи единствено на напор за ставање под контрола во САД, на друштвена мрежа од која не може да собираат податоци.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk