As Dusk Falls стана достапна и на PlayStation

Една од најдобрите интерактивни драми од неодамна може да се провери и од фановите на конзолата на Sony. Како засебни верзии за PS4 и PS5, дигиталното остварување на талентираното студио INTERIOR/NIGHT нуди впечатлива авантура потопена во филмска презентација и бројни ситуации за донесување клучни избори.

Преселба на нови пасишта

Како производ на Xbox Game Studios, играта дебитираше за конзолата на Microsoft и PC во јули 2022 година. Играта за брзо време собра исклучително позитивни рецензии (над 90% на Steam) и беше општо прифатена како игра која има уникатна презентација, комплексна приказна со донесување значајни одлучи и квалитетна глума.

Во As Dusk Falls ги истражувате животите да две семејства низ неколку децении и сте соочени со исклучително тешки одлуки и неверојатни, крајно неочекувани пресврти. Имено, приказната е осмислена од водечкиот дизајнер, Керол Марчал, која претходно работеше на Heavy Rain и Beyond: Two Souls – две игри кои се познати по исполнителен наратив и бројни одлуки со значајни последици.

As Dusk Falls оди чекор понапред од овие игри и, покрај соло играње, ви дозволува да навлезете и во локален или онлајн ко-оп со до осум играчи. Некои од играчите можат да играат со контролер, а некои можат да ја преземаат соодветната апликација и преку неа да го даваат нивниот доприност.

Дури и да поминавте низ PC и Xbox верзијата, сметаме дека има дополнителна причина за проверка на играта на PS5. Играта е дополнително прилагодена да ги искористи haptic feedback и touchpad предностите на контролерот, со што секоја одлука и динамишно разработување на приказната добива подлабока димензија. Како некои кои ја проверија и едната и другата верзија, можеме да потврдиме дека искуството е поимерзивно со PS5 контролерот.

Една од многу Xbox игри кои ќе се најдат на конзолата на Sony

Потегот да се префрлат игрите на Xbox кај конкурентот не изненадуваат и As Dusk Falls е само една од бројни планирани игри кои ќе ја направаат соодветната транзиција.

“Лансирањето на As Dusk Falls на PlayStation е значајно обележје за нашето студио“, објасни Керолин Марчал, извршниот и креативниот директор во INTERIOR/NIGHT и додаде дека: „PlayStation  играчите отсекогаш имале посебно место во нашите срца, особено поради нивниот апетит за наративни и филмски искуства. Поради тоа, ние сме многу возбудени да ги видиме нивните реакции во нашата разчленувачка наративна приказна за повеќе играчи и со прошитени функционалности кои се овозможени од PlayStation 5. Се надеваме дека играчите ќе уживаат во тензичниот заплет, комплексните ликови и пристапниот милтиплеер во As Dusk Falls!“

Ние уживавме, се надевамe дека и вие!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: INTERIOR/NIGHT
  • Издава: Xbox Game Studios
  • Жанр: авантура, приказна
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 7 март 2024 за PS5

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk