ASTLIBRA Revision излезе и за Nintendo Switch!

ASTLIBRA Revision e феноменална акциона RPG игра во 2D околина и со side scrolling механики. Верувале или не, на играта се има работено повеќе од 15 години – 14 години на оригиналната игра и година-и-пол на изданието Revision. Како резултат, развојното студио KEIZO понуди квалитетен продукт на интерактивна забава и моментно ужива во 94% позитивни рецензии на Steam.

Интeресен спој на Final Fantasy, Castlevania и Zelda!

Од неодамна, играта може да се најде и за Switch! На располагање имате комплексна приказна и бројни предизвици кои се поврзани со стандардните непријатели и босови, но и со длабокиот систем на надградба и комбинирање напади.

Бидејќи имате огромен арсенал од најразлични оружја, играта можете да ја играте баш онака како што вие сакате. Секое од оружјата се одликува со уникатни напади. Згора на тоа, опремата која ја носите ви дозволува да научите и уникатни магии.

Ќе наидете и на комплексен систем за надградба и проширување на бројните способности, како статистичко зголемување на здравјето, нападот, одбраната и ред други работи. Ни се допадна и системот каде комбинирате копчиња за да активирате моќни, но привремени напади и магии.

Сево ова би требало да ви покаже дека ASTLIBRA Revision е далеку од button-mash игра. Набргу ќе сватите дека константно се бара стратешко размислување и тактизирање. Голем број од непријателите припаѓаат на различни елементи и користат невообичаени борбени стилови.

Поради тоа, и вие треба да имате соодветна опрема и оружје, како и да имплементирате напади кои се најефикасни кон типот на непријателот со кој се соочувате. Кога босовите ќе стапат на сцена, добивате спектакл од епски пропорции и избезумен натпревар во избегнување напади и ловење можности за удирате во критичните точки на титанските непријатели.

За поголем, или помал предизвик, имате на располагање шест различни нивоа на тежина. Од клучна важност е да ја пронајдете тежината која најдобро ви одговара за да целосно се потопите во преубавата графика, флуидните анимации и релаксирачката музичка подлога.

Доколку сметате дека ова е игра за вас, би сакале да ви препорачаме да го проверите демото на Steam. KEIZO се имаат потрудено да понудат одлична демо верзија и низ час-два ќе можете да го искусите најдоброто што оваа игра го нуди. Имено, во демото, не само што поминувате низ прологот и првото поглавје, туку ќе можете да ги проверите и борбените системи кои се отклучуваат подоцна во играта.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: KEIZO
  • Издава: WhisperGames
  • Жанр: Action RPG, 2D Side Scroller, JRPG
  • Платформа: Microsoft Windows, Switch
  • Излезена на: 13 октомври 2022 (Steam), 16 ноември 2023 (Switch)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments