Креативен хак, Twitter птицата ги замени корисниците
Не мора да имаш програмерски вештини да хакнеш нешто, да промениш изглед на сервис. Потребно ти е само креативна идеја.
Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Веб. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.
Не мора да имаш програмерски вештини да хакнеш нешто, да промениш изглед на сервис. Потребно ти е само креативна идеја.
Есенва ќе се појави Social Network филмот за Facebook чии трејлери станаа хит на мрежата. Но... зошто да нема филм и за Twitter? За YouTube? Или барем да има исто толку забавни трејлери за исто толку корисни сервиси?
Мажите се од Марс, жените се од Венера е интересна книга чие објаснување за разликите меѓу половите важи и за сајбер просторот. Покрај стандардните сајтови кои сите ние ги посетуваме, во сајбер просторот и двата пола си имаат свое „катче“. Пример, мажите ги имаат сајтовите за спорт, додека жените ги посетуваат... хмм, сајтови за накит?
Полека, но сигурно, Google започнува да си го гради тимот кој би требало да ја креира GoogleMe друштвената мрeжа и да му конкурира на Facebook. Купувајќи ja Slide, компанија која креира друштвени игри за различни платформи, Google покажува уште еднаш, покрај инвестициите во Zynga, дека игрите и забавата ќе бидат важен аспект од новиот друштвен проект.
90% од играчите на Mashinarium се пирати и затоа им нудиме пиратска амнестија! вели чешкото независно студио Ameta Design нудејќи 75% попуст на логичката и артистичка Mashinarium која сега чини само 5 долари.
Ние пробуваме нешта, вели директорот на Google, Ерик Шмит одговарајќи зошто Google Wave не успеа. Продуктот кој беше платформа за комуницирање во реално време и кој само пред една година беше неверојатен хит на интернет, заврши неславно - Google го изгаси комплетно велејќи дека ќе го сочува кодот да им се најде за некои идни продукти.
Новиот подобрен Hotmail сега е достапен за сите 350 милиони корисници ширум светот, во 220 земји. Ова е еден од најголемите редизајнирања на мејл сервисот до сега.
GoogleOS блогот пишува дека Google постемено го стартува новото мулти-логирање. Опцијата овозможува да се логирате со повеќе профили преку истиот прелистувач. Пример, да си отворите личен Gmail и тој што го користите службено. Мулти-логирањето ќе може да се употреби за Gmail, Google Calendar, Reader, Docs, Google Sites и Google Code, но се очекува да бидат додадени и останатите сервиси.
Новите верзии на Twitter клиентите Echofon и TwееtDeck ќе го користат новиот User Stream API на Twitter за да објавуваат статуси во реално време, без потреба да се рефрешира фидот. Секој одговор на твитот, ретвитување или порака ќе се појави веднаш во реално време.
Неколку корисници забележуваат долен бар под видеaта на YouTube каде се појавува плеј листа на видеа. Видеата можат или да бидат препорачани за вас или можете да си додавате видеа кои вас ви се допаѓаат во листата.
Број еден барање од корисниците е да закачуваат видеа подолги од 10 минути. Ве послушавме и денес го зголемивме лимитот на 15 минути вели YouTubе асоцирајќи на Ворхоловото „секој ќе ги има своите 15 минути слава“.
Покрај надоградбите за Safar 5, Apple ја стартуваше и екстензиите како и галеријата за екстензиите.
Откако ја стартуваа YouTube кампањата во последниов месец, не само што Old Spice стана препознатлив бренд, туку успеа да си ја зголеми продажбата за 55% во последниве три месеци, или неверојатни 107% во последниов месец, пишува BrandWeek.
Во Македонија просечната интернет брзина е 5.71 Mbps, а Велес е градот со најбрзата конекција од 6.93 Mbps. Според брзината Македонија се наоѓа на 46-тото место. Ова се резултатите на NetIndex кој резултатите за Македонија ги собрал од 249.000 уникатни IP адреси кои направиле 1.883.423 тестови за брзина од Speedtest.net и Pingtest.net, а од нив 63.000 се искористени за моменталниот индекс.
Google Alarm е додаток за Firefox и Chrome кој ве алармира буквално, со гласен звук и визуелно, кога серверите на Google ќе соберат некоја ваша информација додека сурфате.
Менаџирањето табови во Firefox ќе стани многу поедноставно, вели Аза Раскин, креативниот директор на Mozilla кој на својот блог објави видео од нов интерфејс - Tab Candy - за организирање и пребарување на табовите.
Kористејќи ги новите HTML5 веб стандарди, програмерот Дајл Харви направи игрива верзија на Pacman објавувајќи ја на својот блог.
Авганистанскиот воен дневник е неверојатна архива на 92.000 доверливи документи за војната во Авганистан од 2004 до 2010 година. Архивата содржи информации за цивилни жртви, за шпионирање на авганистанските војни, акции на НАТО итн ...
(Прв поглед на новиот Digg е гостински текст од Златко Јованов познат во сајбер просторот како ZlateWay. Златко е гик 4 лајф, сака фотографија, технологија и не е тешко да биде насмеан...)
За обичниот корисник HTML5 не значат многу, но за дизајнерите тоа е друга приказна, вели Даниел Брзанов кој твитна дека неговиот личен сајт е можеби првиот македонски HTML5 сајт.