Google постојано нуди бесплатни сервиси, за имејл, за документи, за блогови… но ништо не е бесплатно, нели? Самото посетување на личниот сајт на Џејми Вилкинсон, креаторот на аларм додатокот, Google ќе ви собере некоја ваша информација зaради Analytics алатката. Дури и додека го читате текстот на It.com.mk Google ви собра информација за од кој регион сте, кој прелистувач користите итн итн… бидејќи и ние како Вилкинсон и како многу други сајтови користиме Google Analytics за анализа на посетите.
Додатокот функционира на принцип така што го проверува посетените страни за Google-ови URL, пример youtube.com/v/ за вметнати видеа во сајтот. Вилкинсон го има објавено кодот за додатокот.
Google Alarm from Jamie Dubs on Vimeo.








Може линк за Хром од додатокот да го пробам ?
http://fffff.at/google-alarm/ Скролни надолу под видеото ќе најдеш линкови за доатоците за Chrome.
Имаш со звук и без звук.
А како да го инсталирам дојдов до забуна некоја ? :/
Кликни само на install на страната и ќе се инсталира веднаш без додатни работи. Ќе го најдеш во Chrome менита кај Extensions. Отвори го тоа ќе ги видиш сите додатоци.
Можно е кога ќе кликнеш на Install најдоле да се појави порака дека оваа екстензија може да ти наштети на компјутерот и слично, кликни на Continue и тоа е.
Е фала ама мене ми била постара верзија затоа не сум можел да го инсталирам додатокот. Фала :)
Ако забележиме на видеото скоро секоја отворена страница гугл не следи така не? Што значи ова и не е нешто од корист за да биде дел од моите додатоци во Хром. А и звукот му е…инфаркт да те фркне :)
Поздрав.
Зошто ми личи на кејлогерче??