Прв поглед на новиот интерфејс на Digg

во Веб

Digg e интересна социјална веб страна кој овозможува едноставно споделување на интересни информации со остатокот на светот. Започнат како проект во Ноември 2004 година од страна на Кевин Роус, Овен Бурн, Рон Горозетски и Џаи Аделсон. Единствено Кевин и Рон биле активни за градењето на сервисот, а дизајнот кој тогаш бил без реклами, бил дизајниран од Ден Рис. Откако Digg станал популарен, AdSense сервисот за реклами на Google бил додаден во веб страната. Во Јули 2005 година, страната била ажурирана во верзија 2.0, на 26 Јуни 2006 година верзија 3…

А од пред некое време излезена е новата, тест, верзија со линк new.digg.com. Конечно Кевин Роус ми прати покана за да ја испробам алфа верзијата на странава, чекајќи ја 3-4 дена. Откако кликнав на линкот кој Кевин ми го прати, ме пренасочи на страната која ми заличи посовремена.

Откако се логирав со старото корисничко име и лозинка, следно што се појави е избор на други профили за следење, од кои јас одбрав да следам повеќе профили од категоријата Technology. :)

Откако одбрав кои да ги следам, кликнав на next step и следно беше да си ги пронајдам пријателите преку Facebook, Twitter и Google кои користат Digg. Кога пробав преку Facebook да најдам други корисници на Digg, видов дека нема никој… :( Пробав и преку Twitter и најдов 3ца кои баш не ги знам и преку Google не најдов никој. Очигледно дека во Македонија никој не се потрудил да добие покана за новиот Digg.

Откако тој чекор го завешив, конечно го видов новиот интерфејс на Digg. И мислам дека дефинитивно е подобар.

Новитетите ги нумерирав од 1 до 8, така да почнам да ги објаснувам:

  • [1] е таб за вестите кои се сортирани по желбата на корисникот, дали сака технологија, бизнис, вести и сл. ;
  • [2] е таб за топ вести;
  • [3] се опции (опции за профилот, за известувања итн.)
  • [4] е делот за последно активни профили;
  • [5] е видлив дел на топ вести од други луѓе;
  • [6] е опција за што да се појави на почетната страна – штотуку digg-нати вести и топ digg-нати вести во 24 часа;
  • [7] е место за споделување на вест преку линк;
  • [8] објаснение за новитетите (кои јас ги објаснив погоре :) ).

По мое мислење, новата верзија е подобра од претходните верзии, изгледот е подобар и затоа од мене заслужува оцена 10/10 во споредба со другите верзии на овој социјален сервис, наречен Digg.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk