5 коментари 2 мин. читање

Најверојатно прв македонски HTML5 сајт?

HTML5 e најновата верзија на HTML, програмскиот јазик си кој се означуваат елементите на една веб страна, и е понова верзија од HTML кој е објавен од пред скоро десет години.

„Последната верзија содржи нови функции кои дизајнерите и програмерите со години бараа алтернатива за нив, а се неопходни за функционалноста и дизајнот на секоја модерна веб страна.“ вели тој.“ вели Даниел.

HTML5 стандардите станаа жешка тема откако директорот на Apple, Стив Џобс напиша писмо објаснувајќи зошто ги преферира овие веб стандарди кои според него се иднината, и зошто го избегнува Adobe Flash на своите уреди. Неговото писмо беше оптимистички прифатено од другите големи копании, а веб прелистувачите започнаа да ги воведуваат стандардите во новите верзии.

„Најновата верзија исто како и некои од претходните верзии е направена да работи на било каква платформа, без разлика дали се работи за PC, Mac, мобилен телефон и сл. Единствено нешто што е потребно е да користиме модерен веб прелистувач како што се последните верзии на Firefox, Chrome, Safari и Opera.“

Што се однесува до неговиот сајт, кој најверојатно е прв HTML5 .мк сајт (можеби и не е единствен или прв, пишете ни во коментарите подолу би било супер да дознаеме), Даниел вели избегнал некои елементи поради немање подршка од некои прелистувачи.

„Мојот сајт користи HTML5 за структурата на сајтот притоа се избегнати некои елементи кои не се потполно поддржани од некои прелистувачи. Се одлучив за последната верзија на HTML за да бидам сигурен дека страната ќе биде функционална не само сега туку и во наредните години.“ вели Даниел.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top