0 коментари 1 мин. читање 30 јули, 2010

YouTube со бар за плеј листа и препорачани видеа

Од барот, кој е под видеата и се појавува кога ќе го поставите глувчето врз него, има неколку опции како следно и претходно видео, аутоплеј, листа на сите видеа.

Најверојатно ова е обид на YouTube да се претвори во еден вид персонализирана телевизија во смисла да си направите своја листа, да се наместите удобно и да изгледате неколку видеа. Токму овој бар се појави прв пат и со неодамна објавениот Leanback опција за гледање на YouTube видеа на големи екрани.

Сега за сега, овој бар не нуди ништо повеќе (ниту работи како што треба) од тоа што го има на сајтот. Има листа на слични видеа и тоа што ви се допаѓа можете да го изгледате веднаш бидејќи видеата се кратки 10 минути 15 минути. Но овој бар за креирање плајлиста ќе стане одлична алатка ако на YouTube почнат да се објавуваат сериии и филмови, доколку видео сервисот се договори со големите компании.

(via Томислав Joвановски)

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top