Вести

3.566 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Дали би платиле за оглас на .мк сајт за огласување?

Неодамна еден од најпопуларните .мк огласувачи Pazar3.mk започна да наплаќа за огласите кои до тогаш беа бесплатни. Оваа одлука на огласувачот наиде и на критики и на пофалби, па Goran123 на форумот објави таква тема за да ги чуе мислењата на корисниците.

3 коментари Прочитај 6 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Интервјуа

Закерберг за Facebook, хак-маратони и новитe профили

Марк Закерберг во интервју за „60 минути“ објасни дека низ целата Facebook канцеларија се појавува зборот „хак“ и се одржуваат „хак-маратони“ затоа што, Закерберг вели, „да кажеш некого хакер е комплимент, хакнување за инженерите значи да се промени нешто за многу брзо време, за еден вечер да смениш многу линии код и на крај да добиеш продукт“.

2 коментари Прочитај 6 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Новиот Facebook профил

Facebook ги редизајнираше профилите. Новиот изглед ги преместува табовите во лев страничен бар, а на нивно место сега се воведни кратки информации за личноста зад профилот, односно кратко инфо со локација, образование, работа, линк од веб страна, врска и уште по некој детаљ.

5 коментари Прочитај 6 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Ќе стартува интернет телевизијата Македонија24.мк

Makedonija24.mk е моментално во тест фаза, и би требало да стартува за отприлика две недели. Телевизијата ќе биде бесплатна, ќе има 24 часа програма и ќе има емисии на барање (on-demand), вели Захарија Вулгаракис од Media Technology Group Скопје. Пример, ако сте ги испуштиле вестите ќе ви се достапни во рок од 45 минути на сајтoт за повторно гледање.

11 коментари Прочитај 4 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Google го тестира Cloud Picker, проект за веб складирање фајлови

Google тестира нова алатка која е вид на онлајн складиште за фајлови, пишува TechCrunch повикувајќи се на информации од неколку Google форуми.

0 коментари Прочитај 3 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Стартува CityVille, дали ќе се заменат фармите со градови?

Zynga ја објави CityVille, најновата друштвена игра која наликува на мешавина од популарната со 60 милиони играчи месечно FarmVille и познатата SimCity. Во CityVille играчот води свој град, на почеток само соседство за потоа да стане метропола, преполна со продавници, бизниси, декорации, граѓански сервиси...

0 коментари Прочитај 3 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Крадец фатен само по 10 минути благодарение на мобилна апликација

Интересна и среќна случка. Крадец на автомобил бил фатен само 10 минути по кражбата откако газдата на автомобилот заедно со полицијата искористи GPS за да го лоцира својот телефон кој бил во автомобилот.

2 коментари Прочитај 3 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Google веќе нема да помага при пребарување пиратерија

Google во блог пост најави дека ќе воведе неколку решенија против пиратеријата на своите сервиси. Едно од тие решенија е тргање на пиратските термини од автоматското дополнување при нивно куцање. Пример, ако вкуцате Gorillaz mp3 во Google, пребарувачот ќе ви предложи Gorillaz mp3 torrent пребарување. Сега тоа ќе биде тргнато, Google нема веќе да помогне со авто-комплетирање на термините.

12 коментари Прочитај 3 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

eSpace, ново .мк веб списание за ИТ

Претставен е еSpace нов .мк веб магазин за информатичка технологија, кој ги обработува сите теми: хардвер, софтвер, .мк сцена, мобилни, игри... интересно заедно со Upload ова се веќе два ИТ магазини да го искористат интернетот да понудат бесплатни веб изданија, наместо да печатат на хартија и со тоа да одредуваат цена.

8 коментари Прочитај 3 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Wikileaks го промени доменот

<Надополнето 15.12.10>Wikileaks.org е повторно достапен, но префрла на mirrors.wikileaks.info</надополнување> Доменот Wikileaks.org, на сајтот кој објави илјадници доверливи дипломатски документи, е изгасен од својот американски провајдер поради безбројни сајбер напади кои „може да и наштетат на целата инфраструктура на провајдерот“.

0 коментари Прочитај 3 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Свет

Во иднина 10% од вашите Facebook пријатели ќе бидат ботови

Ако имате 300 пријатели на Facebook или друга друштвена мрежа, 30 од нив ќе бидат роботи, вели компанијата за ИТ анализа Gartner во својот нов извештај за предвидувања на идни трендови во информатичката технологија.

1 коментар Прочитај 2 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Алгоритмот на Google ќе ги казнува лошите бизниси

Google објави дека нивниот нов алгоритам ќе ги казнува бизнисите со негативен маркетинг план, најавувајќи дека негативниот маркетинг нема да резултира со поголем ранк на пребарувачот.

0 коментари Прочитај 2 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Gowalla 3 ги интегрираше Foursquare и Facebook Places

Друштвените мрежи во моментов се мали, меѓу најпопуларните се Gowalla која има над 600.000 корисници и Foursquare кој има близу 5 милиони. Иако мали сепак идејата за споделување локација ги привлече и големите, пред некое време Facebook го стартуваше Places за споделување локација со пријателите, претејќи да ги згази помалите локациски мрежи со своите над 500 милиони корисници.

0 коментари Прочитај 2 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Opera најави 150 милиони корисници на импресивен и смешен начин

Opera на шеговит начин го претстави 150 милионитиот корисник на прелистувачот. Имено наместо вообичаено прес соопштение, Opera објави инбокс oд мејл на својот директор Џон вон Тетчнер. Инбоксот секако е лажен, но е интересно што може да се пребарува низ него.

1 коментар Прочитај 2 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Мобилни

Како мобилните ги менуваат друштвените медиуми? (инфографик)

Интересниот инфографик на Flowtоwn покажува како мобилните телефони станаа потребна секојдневна алатка за комуникација. Дневно на Facebook преку мобилен телефон пристапуваат над 100 милиони корисници кои се два пати поактивни од десктоп корисниците. Преку малиот, но моќен уред блогираме, твитаме, закачуваме слики и видеа, сурфаме... Како што мобилните телефони стануваат мини компјутери поврзани со светот така се менува и перцепцијата за комуникација. Стануваме мобилни.

0 коментари Прочитај 1 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

E-society 2010: e-Влада, транспарентност и ефикасност

Како да се искористат е-Влада сервисите за поефикасно и потранспарентно општество? Ова е проблемот со кој се соочуваме и кој е темата на конференцијата E-Society 2010 организирана од фондацијата Метаморфозис и USAID. Презентациите и видеото од конференцијата ќе бидат објавени на официјалниот сајт, а дополнително објавена е и книга „Oснови и развој на е-влада“.

0 коментари Прочитај 1 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Хардвер

Претставен македонски суперкомпјутер направен од студенти

Охридскиот универзитет за информатички технологии „Св. Апостол Павле“ го претстави првиот македонски суперкомпјутер кој има 260 процесорски единици и користи Linux Cent OS.

64 коментари Прочитај 1 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Основачот на Pirate bаy оди контра ICANN со нов P2P DNS систем

Петер Сунде, еден од основачите на контроверзниот Pirate bay, повика да се направи нов Domain Name System бидејќи американската влада поднесе барање до ICANN да ги тргне домените на сајтовите кои ги нарушуваат авторските права, како неодамнешната акција која изгаси 82 торент сајтови.

2 коментари Прочитај 1 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Претставена Националната политика за слободен сотвер

На E-society 2010 конференцијата, Новица Наков од Слободен софтвер Македонија ја претстави скоро-конечната верзија на Националната политика за слободен софтвер.

0 коментари Прочитај 1 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

Facebook апликациите кои „откриваат“ кој ви го гледа профилот се измама

Сите Facebook апликации кои велат дека можат да ги откријат луѓето кои го прегледуваат вашиот профил се измама, вели безбедносната компанија Sophos.

4 коментари Прочитај 30 ноември, 2010
Мени
Заедница
Изглед