12 коментари 1 мин. читање

Google веќе нема да помага при пребарување пиратерија

Но Google нема да ги тргне пиратските сајтови од резултатите, што ја прави незадоволна музичката индустрија која е главен иницијатор на ваквите промени.

Исто така, Google ќе направи алатка за побрзо поднесување барање и тргање содржина која ги нарушува авторските права од своите сервиси како Blogger, YouTube… во рок од 24 часа, што е според американскиот DMCA акт.

Ќе има промени и во анти-пиратскиот преглед на AdSense, за да нема Google реклами на пиратски сајтови. Ќе се промени и како соодветната оригинална содржина да биде подостапна за индексирање и прикажување во резултатите од пребарувањето.

Сите промени ќе бидат имплементирани во следниве месеци.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

12 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top