Стартува Национален форум за интернет надзор
Кражба на идентитетот, несоодветни содржини, верска и национална омраза, сексуална злоупотреба се дел од опасностите на кои можат да наидат помладите интернет корисници.
Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за ИТ.МК. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.
Кражба на идентитетот, несоодветни содржини, верска и национална омраза, сексуална злоупотреба се дел од опасностите на кои можат да наидат помладите интернет корисници.
Time.mk сервисот од стартувањето во февруари 2009 година со 57.000 посети месечно во 1 јуни 2010 година забележува петнаесет пати поголем раст, станувајќи сервис со над 800.000 посети во мај. Или 27.000 посети на ден. Ова се официјалните бројки кои македонскиот агрегатор на вести ги објави по повод двегодишнината од сервисот.
Пазете се ве прислушуваат! Или можеби не, како би знаеле дали ви ги некој следи вашите комуникации или дигатално собира информации за вас? Кого ќе прашате и кому ќе му се обратите? Ова е една од неколкуте интересни поенти искажани на дискусијата за „Приватност во Македонија“ организирана од фондацијата Метаморфозис пред се за отварање дебата за измените на Законот за електронски комуникации.
Промоција на слободен софтвер, транспарентност на кодот, ослободување на образовните проекти, осврт на регулативи, лиценци... ова се темите кои се разговараа на средбата за креирање план за Национална политика за слободен софтвер. Дискусијата е организирана од Слободен софтвер Македонија, поддржана од фондацијата Метаморфозис и Министерството за информатичко општество.
Kajgana.com, Kupi.se, T-mobile.mk, biznis24.com.mk, telegraf.mk се победници на првите македонски Веб награди 2010 организирани од Media Solutions и под покровителство на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.
140.mk e обид на едно место да се прикаже поголемиот дел од македонската твитерсфера!
Дали користите локализиран софтвер на македонски. Доколку не го користите, а постои локализирана верзија, зошто? праша HijackHacker на форумот.
Ричард М. Сталман, таткото на GNU, на 3-ти јуни 2010 на покана од Слободен софтвер Македонија доаѓа во Скопје и ќе одржи предавање насловено „Copyright vs Community in the age of computer networks". Предавањето ќе се одржи во салата "Милениум 2" во хотелот "ХолидејИн", влезот е слободен и отворен за сите, предавањето започнува во 18:00 часот и ќе биде на англиски јазик.
Зошто кога одам на struga.com.mk или kratovo.com.mk ми се појавува веб сајт на Гостивар? прашува plisner изреволтиран од тоа што одредени .мк домени се зафатени без воопшто да има веб сајт на нив.
Преку 50% од околу 800.000 македонски корисници користат Mozilla Firefox, од нив над 100.000 користат локализиран Firefox, се спомна на денешнава средба на Mozilla заедниците од Балканот.
Ин Осло ај фил лајк а фиш, вели Ѓоко Танески во интервју за ESCtoday.com.
Foursquare, друштвената мрежа за споделување информации, станува интересна не само за македонските корисници туку и за македонските локални бизниси.
Vip Android предизвикот е натпревар за креирање Android апликации. Сите девелопери од Македонија се поканети да учествуваат во натпреварот, а најдобрата апликација ќе добие 500.000 денари и HTC Desire мобилен телефон. Второто место ќе добие 150.000 денари и HTC Legend, а сите одобрени апликации од Android Store ќе добијат HTC Tattoo.
Википедија брои над 40.000 текстови на македонски јазик и е на 50-то место од верзиите на популарната веб енциклопедија. Според посетеноста Википедија на македонски јазик забележува над 117.000 посети на ден, односно околу 2 милиони посети месечно!
РобоМак е натпревар во роботика, организиран со цел да ги популаризира роботите меѓу студентите. РобоМак 2010 се одржа изминатиов викенд, а подолу ќе најдете слики и видео од настанот кој е организиран од Институтот за електрични и електронски инжинери (IEEE) и Европска асоцијација на студенти по електроника (EESTEK).
Ова е совршено! ми вели роботскиот глас на Google на македонски јазик преведувајќи ми го „this is perfect!“.
Првиот собир на балканските Mozilla заедници ќе се одржи во Скопје на 22-ри мај, во амфитеатарот при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Целта на настанот е да се запознаат Мozilla заедниците, како и да разменат идеи и да ја зајакнат меѓусебната соработка. На настанот ќе присуствуваат и преставници од Mozilla организацијата од Франција и Америка.
DobraRabota.mk е портал за вработување, на кој корисниците можат да закачат своја биографија, а работодавачите да објавуваат огласи за работа. Сајтот е посветен кон вработувањето, што може го истакне сајтот од конкуренцијата, барем така се надева Небојша Галевски од dobrarabota.mk.
Најдобрите програмери од натпреварот во програмирање CodeFu, организиран од Netcetera, ќе патуваат во Цирих на Jazoon, Java конференцијата за млади програмери.
Колкави се платите на програмери во Македонија?