9 коментари 2 мин. читање

Средба на балканските Mozilla заедници во Скопје

На настанот ќе се разговара на теми како: поставување и оддржување на отворени стандарди на интернет, дозволување на корисникот да ја има контролата врз своето интернет-искуство, помасовно користење на слободниот софтвер… а ќе има и работилница за како корисниците можат да придонесат кон Mozilla проектот.

„Тие се нешта кои секако подобро ќе ги разјасниме на самиот настан, но се многу важни за иднината на интернетот. Сите оние кои што сакаат интернетот да остане отворено место со комерцијализирани стандарди, да ја имаат целосната контрола врз своето искуство додека сурфаат, како и за оние кои што го разбираат значењето на слободниот софтвер, отворено ги повикуваме да дојдат на настанот и да се запознаат подобро со целите на Mozilla и како можат и тие да придонесат кон остварување на овие цели.“ вели Горјан Јовановски, еден од организаротите на Mozilla Balkans:2010.

Настанот е организиран од Mozilla Maкедонија и Слободен Софтвер Македонија и е од отворен тип, секој може да присуствува, а Горјан се надева на посетеност бидејќи Firefox е омилениот прелистувач во Македонија.

„Последната анкета покажа дека во Македонија бројката на користеност на Firefox е околу 50% што секако покажува дека како прелистувач е доминантен на домашната сцена :).“

Предавачите на настанот ќе се лидери од балканските Mozilla заедници како и претставниците од Mozilla HQ од Франција и Америка. Како попознати имиња се Вилијам Квивикер, – европски менаџер на заедниците, Сет Биндернагел, директор на локализацијата, Кадир Топал, менаџер за подршка на заедниците, Збингниев Браниечки (Gandalf) – Community Ninja, Паскал Чеврел – веб локализација…

Повеќе информации за настанот ќе најдете на сајтот на Mozilla Македонија или на Facebook.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

9 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top