70 коментари 3 мин. читање

Надополнето: Сите победници на првите македонски Веб награди

Како за прв ваков настан кој се појави одеднаш, номинираните не беа откриени до самото прогласување, наградите си имаа свои пропусти. Ги нема критериумите според кои се изберени сајтовите, а и изборот на сајтовите беше малку контроверзен. Пример, tocka.com.mk се најде во категорија на информативни сајтови заедно со сериозни медиуми, а беше изоставен time.mk. Или пак t-mobile.com.mk беше прогласен за најиновативен сајт. Кој е критериумот да се прогласи стандарден корпоративен сајт како најиновативен? Еве пример за .мк креативен сајт кој ни беше посочен на Facebook и кој се најде во листата на топ стандардите за 2010 на WebDesignDepot.

Надополнето: Инспирирани од коментарите подолу, откривме дека сајтовите на telegraf.mk и 24online.mk, победничкиот и еден од номинираните сајтови во категоријата информативен сајт, се изработени од X3M Labs. X3M Labs е и дизајнер на MediaSolutions. MediaSolutions сe луѓето зад KeepanEye кој е организаторот на настанот. Сите три сајтови се регистрирани од X3M Labs, и во сите три регистрации стои името на Пеце Ангеловски – менаџер на X3M Labs кој претходно соработувал со Media Solutions, и воедно е и еден од жирито на Веб наградите.

Media Solutions велат дека тие и X3M Labs се две различи фирми и негираат дека влијаеле врз изборот, велат дека X3M само ги изработиле сајтовите додека жирито разгледувајќи бројни сајтови го стесниле изборот во кој влегле и telegraf.mk и 24online.mk.

Член на жирито, независен од погоре пишаните, потврди дека сите 6-7 члена од жирито сами ги предложиле кандидатите за сајт на годината, по што следувало гласање во два круга за 4-5-те категории.

Дополнително, од Keepaneye подолу во коментарите ги наведоа критериумите под кои е извршен изборот. Истите ќе бидат објавен наскоро на sajtnagodinata.com со цел да се разјасни процесот.

Сепак, грешката е во конфликтот на интереси. Дизајнерот на номинираните сајтови никогаш не треба да учествува во натпреварот, а ако веќе учествува, што е глупаво во секој случај, тогаш воопшто нема потреба да биде дел од жирито.

Од позитивната страна, Веб наградите се одличен настан да се даде можност на корисниците да се запознаат со .мк интернет сферата, како и да се поттикне креативноста кај ИТ ентузијастите и веб дизајнерите. Организаторите од KeepanEye рекоа дека наредните Веб награди ќе добијат повеќе категории и вклучени сајтови, подобра промоција и најверојатно ќе биде вклучена и публиката со цел ова да стане традиционален настан.

Еве ги сите победници и номинирани на Веб наградите за 2010 година. Победниците се со болдиран фонт. По листата ќе најдете и галерија од настанот.

Сајт на годината:
www.kajgana.com
www.it.com.mk
www.t-mobile.com.mk
www.femina.mk
www.men.mk

Најдобар Информативен Сајт:
www.24online.mk
www.sitel.com.mk
www.telegraf.mk
www.a1.com.mk
www.tocka.com.mk

Најиновативен Сајт:
www.t-mobile.com.mk
www.it.com.mk
www.badijala.com
www.crnobelo.com
www.za1denar.com.mk

Најдобар Бизнис Сајт:
www.biznis24.com.mk
www.mkfondovi.com
www.gorska.com.mk
www.gorenje.com.mk
www.mse.com.mk

Најдобар e-commerce Сајт:
www.najevtino.com
www.tc.mk
www.kupi.se
www.ex.mk
www.kniga.com.mk

Исправка: Имало грешка на сајтот на Веб наградите што ги прави работите пологични. Имено, во категоријата е-commerce треба да стои Kniga.com.mk наместо kajgana.com.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

70 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top