Се чини дека македонската делегација за Евровизија заборавила да поведе преведувач во Осло, бидејќи ниту Ѓоко ниту останатите со него во интервјуто не знаат англиски јазик. Нормално знаењето англиски воопшто не е проблем, ниту пак критериум за нечиј успех или зависно од резултатите, пораз, но оваа интервју сепак ги испровоцира и инспирира македонските интернет корисници станувајќи доста популарна тема на друштвените мрежи.
Интервјуто е популарно на YouTube со околу 3.000 гледања, има неколку верзии, една верзија дури беше и тргната. Постои и друго подолго интервју кое има околу 4.000 гледања, а околу 30-тина коментари Ѓоко Танески стана тема на разговор и на Facebook каде многумина линкаа до интервјуто или пак до новиот ремикс од интервјуто. Има и група „I FEEL LIKE A FISH (aj фил лајк а фиш ) Ѓоко Танески интервју – ЕВРОВИЗИЈА“ со над 4.000 членови.
На Twitter пак веќе неколку дена #танески, #ѓоко, #таневски, #gjoko се популарна тема.
Посебно „Ин Осло ај фил лајк а фиш“ стана еден вид интернет меме, резултирајќи во откачени слики со Ѓоко спакуван во конзерва или пак насликан како сирена. ( И двете слики се дело на Бојан Јосифовски)
Оваа интервју, грешка, лапсус, fail, како сакате наречете го, е одличен пример колкава е моќта на друштвените мрежи да промовираат или да се шегуваат со нечија кариера/бренд. „Give a man a fish and you feed him for a day. Teach a man to fish and you feed him for a lifetime“ – кинеска поговорка. :)
Во секој случај му посакуваме успех на Ѓоко на Евровизија.


Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.