„Овој Vip Android предизвик е многу повеќе од само обичен конкурс. Се одлучивме на овој чекор за да им дадеме шанса и поттик на домашните програмери, верувајќи во нивните квалитети и свежи идеи за нови решенија кои ќе бидат конкурентни во глобални рамки.“ вели Никола Љушев, извршниот директор на Vip оператор.
Регистрацијата започнува од 18.05 до 30.06, по што следи изработката и закачувањето на апликациите, а од 01.08 до 20.09 ќе се избираат најдобрите апликации. Заинтересираните при пријавувањето покрај личните податоци, мора да испратат и име од апликацијата заедно со краток опис и кратка презентација во .pdf формат, и по можност скриншот од апликацијата.
При оценувањето на апликациите, покрај општиот впечаток, во предвид ке бидат земени и следниве критериуми:
- Aпликацијата да работи на телефони со Андроид ™ платформа што се во понудата на Vip оператор (Андроид™ оперативен систем верзија 1.6 или повисока; резолуција од 240×320 или повисока),
- Оригиналност на идејата, иновативност, пристап кон решението, локална применливост и релевантност
- Степенот на искористеност на расположливите Андроид технологиии (екран чувствителен на допир, камера, GPS, мобилна мрежа, widgets…)
- Интеракција со друштвените мрежи (Facebook®, Twitter®, YouTube™…)
- Искористеност на локациско базирани сервиси и решенија
- Перформанси на апликацијата (брзина, надежност, безбедност …
Сите одобрени апликации ќе бидат бесплатно инсталирани на Android телефони кои се дел од понудата на Vip. Повеќе детали за Android предизвикот ќе најдете на android.vip.mk, каде има и линк до опремата за развивање на софтверот (SDK),
Доколку имате прашања или барате совет, соработка и сакате да дискутирате за апликациите посетете го форумот на IT.com.mk кој е официјален форум за Android предизвикот.
Подолу се слики од денешната прес конференција на Vip.
IT.com.mk е партнер на Vip оператор за Android предизвикот, а Дамјан, уредникот на It.com.mk e дел од жирито за апликациите.
Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.