Како до побезбеден Интернет?
Застрашувачки. Порнографија. Сајбер малтретирање. Кражба на лични податоци... ова се популарните теми денес, 08 февруари 2011, на светскиот Ден за детската интернет безбедност.
Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Хак-атак/Приватност. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.
Застрашувачки. Порнографија. Сајбер малтретирање. Кражба на лични податоци... ова се популарните теми денес, 08 февруари 2011, на светскиот Ден за детската интернет безбедност.
Во Motorola Xoom таблетот, длабоко закопана во опциите, се наоѓа опција Encrypt Тablet, која е опција за енкриптирање на сите лични податоци на таблетот со лозинка или PIN број, открива Engadget.
Еден куп комерцијални и сите владини сајтови немаат полиса за приватност. Поентата на полисата за приватност не е само да се информира дека се собираат информации, секој сајт ги мери посетите со алатки кои ги собираат кориснички информации, туку и за да покаже одговорност кон корисниците дека тие кориснички, лични информации ќе ги зачува најдобро што може.
Македонскиот портал Бркај Работа си зеде за право да објави фотографии за „најпровокативни фејсбук-македонки“. Не само што немаа дозвола за сликите, кои се сигурно објавени на приватен профил и на Facebook, што е затворена мрежа, туку ги повикаа другите корисници да споделат уште фотографии од други нивни Facebook пријатели за да „се има увид во она што ни го нуди македонскиот фејсбук“.
Секој веб сајт користи кориснички податоци. Од IP адреса, кој прелистувач користите и колку време сте на сајтот до колачиња за да се зачува да не мора да се логирате секоја посета, заради маркетинг или мерење на посетеност. Сите овие податоци се еден вид личен белег на корисникот. И сите овие податоци треба да бидат заштитени од самиот сајт, почнувајќи со информирање на корисникот.
Беше пробиена фан страната на основачот на Facebook, Марк Закерберг. Тие што ја пробиле страната оставија порака:
Google и Mozilla најавија дека нивните прелистувачи Chrome, односно Firefox ќе имаат „не следи“ опција која ќе ги оневозможи таргетираните онлајн колачиња да ги следат активностите на корисниците.
Како што Apple ги прегледува сите пријавени апликации, така тоа треба да го прави и Facebook решавајќи го проблемот со пристап на „затворена градина“, бидејќи така пола милијарда корисници ќе бидат побезбедни, вели безбедносната компанија Sophos во својот годишен безбедносен извештај (.pdf).
<Надополнето > Само по неколку дена откако Facebook најави дека ќе дозволи апликациите да бараат адреси и телефонски броеви, друштвената мрежа се предомисли и најави дека ќе направи поистакнато известување за кога апликација ќе ви побара адреса и телефонски број, со цел корисниците наместо автоматски да се согласуваат со апликацијатa, да знаат што од нивните информации ќе користи.
Љубоморна девојка од радовишко село, 25 год., добила кривична пријава за „злоупотреба на лични податоци“ бидејќи отворила лажен Facebook профил на кој користела навреди и лични инфомормации на 27-годишна девојка од струмичко село бидејќи се сомневала дека струмичанката имала врска со нејзиниот маж. Оштетената девојка пријавила во полиција уште во септември, по што деновиве било поднесена пријава, пренесува Канал 5.
Geinimi е нов софистициран тројанец кој се појавил први во Кина, и кој може да превземе доста лични информациии и истите да ги пренесе на далечински сервери, вели компанијата за мобилен безбедност Lookout.
Tor мрежата, која нуди oнлајн анонимност, е симнат над 36 милиони пати во 2010-та година, и дневно се користи од 150 до 300.000 корисници.
Министерство за внатрешни работи најави креаирање на нов центар за одбрана од се почестите сајбер напади, посебно од Кина, следејќи ги примерите на НАТО, Британија и САД, пренесува Deutsche Welle.
Интересен податок е дека Дирекцијата за заштита на личните податоци има директен контакт со службеник од Facebook посветен за проблеми со граѓаните и корисници на мрежата. Ова е потребно бидејќи скоро секој ден во последниве шест месеци Дирекцијата добива поплаки заради мрежата, но не сите се конкретни барања за превземање нешто, вели Елена Стојановска од ДЗЛП.
Денеска, Zero Science Lab во соработка со MantisBT Group објави безбедносни предупредувања и закрпи за популарниот систем за следење на грешки или багови MantisBT (отворен код). Се работи за неколку сериозни ранливости со чија помош, напаѓачот може да дојде до осетливи информации на заразениот систем со пропатување на директориуми или пак да извршува HTML код во корисничкиот прелистувач со помош на XSS напад.
Датум на раѓање, 123456 или „итрото“ 654321, име на сајт, 11111... ова се лозинки на еден куп луѓе кои ги користат за нивните мејлови, профили на друштвени мејлови и сајтови. Да, лозинката треба да биде лесна да се запамти доколку ја користите често, но треба и да ве заштити од губење и злоупотреба на личните податоци.
Хакерска група со име Gnosis ги проби Gawker Media, сопственици на познатите ИТ блогови Lifehacker и Gizmodo, како и други сајтови, објавувајќи ги лозинките и мејловите на основачот Ник Дентон, податоци за уредниците на сајтот, FTP логирања, 4 GB од чет логови! и уште 1.3 милиони кориснички имиња и лозинки на луѓето кои коментирале на сајтовите. Објавен е и основниот код на новиот CMS на Gawker, кој заедно со лозинките е спакуван во 500 MB торент фајл закачен на Pirate Bay.
<Надополнето 09.12.10>Сајтот на Mastercard повторно функционира после скоро 24 часа. <надополување>Сајтот на MasterCard е под DDoS напади од активистичка хакерска група која сака да ја одмазди Wikileaks, сајтот кој објави куп доверливи дипломатски документи.
Сите Facebook апликации кои велат дека можат да ги откријат луѓето кои го прегледуваат вашиот профил се измама, вели безбедносната компанија Sophos.
Со краток твит Wikileaks најави дека е под DDoS напад. Distributed denial of service attack (