1/3 од европејците си имале проблем со вирус во 2010-та, вели Eurostat

Ова истражување е направено со индивидуи од 16 до 74 години во домаќинства каде се користи интернет повеќе од една година, најголем дел во вториот дел на 2010-та. Според пријавените проблеми од разните земјите-членки, најмногу проблеми се пријавени во Бугарија (58%), Малта (50%), Словачка (47%), Унгарија (46%) и Италија (45%), а најмалку во Австрија (14%), Ирска (15%), Финска (20%) и Германија (22%).

Во времето на испитувањето, 4% од вкупните испитаници пријавиле дека страдале од злоупотреба на личните податоци или други слични прекршоци, од каде најмногу во Бугарија (7%) и Италија и Холандија (6%). Во исто време, 3% пријавиле финансиска загуба поради измама, од каде најмногу во Латвија (8%), Обиденетото Кралство (7%) и Малта и Австрија (5%).

Eurostat вели и дека 84% од вкупниот број на испитаниците користат анти-вирусни решенија, од кои преку 90% од корисниците во Холандија (96%), Луксембург, Малта и Финска (91%), но помалку во Латвија (62%), Романија (64%) и Естонија (65%).

Во 2010 година, 14% од испитаниците кои користат интернет во последнaта година и живеат во семејство со деца имаат инсталирано софтвер за филтрирање на мрежата. Најмногу од нив живеат во Луксембург и Словенија (25%), следени од Франција (24%), Данска, Австрија и Обединетото Кралство (21%) и Финска (20%).

Од сите испитаници кои живеат во семејства со деца 5% пријавиле дека нивните деца гледале несоодветни страници или биле во контакт со потенцијално опасни личности. Најмногу од овие пријави потекнуваат од Италија(11%) и Латвија (9%). Мора да се напомене, велат од Eurostat, е дека овде се работи само за оние родители кои станале свесни за овој пробаме, односно дознале дека тоа се случува, па овде бројката може да е многу поголема.

Истражувањето на Eurostat ќе го најдете тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

види ги сите огласи на kariera.it.mk