Добродојдовте во друштвената револуција!
Веќе не е прашање дали сме на некоја друштвена мрежа, туку како ја користиме - Eрик Калман, автор на Socialnomics.
Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Друштвени мрежи. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.
Веќе не е прашање дали сме на некоја друштвена мрежа, туку како ја користиме - Eрик Калман, автор на Socialnomics.
SlideShare, популарниот сервис за објавување презентации, документи и .pdf на веб, воведува опција за закачување на професионални видеа. Пости 500 MB лимит на закачување и можат да се закачат до 5 видеа месечно.
Од организирање протести до објавување на најновите продукти и наоѓање пријателства, Facebook стана важен фактор во секојдневието на околу 692.000 корисници од Македонија. Тоа значи дека за само два месеци, од фебруари, додатни 150.000 луѓе си отворија профил. Неверојатно, скоро 1/3 од Македонија е на Facebook.
Facebook го поврати четот кој беше тргнат бидејќи се откри неверојатен пропуст во приватноста. Пропустот првин беше откриен од TechCrunch кои објавија дека со искористување на „Preview my Profile" од сетинзите за приватност можеше да се прегледуваат сите четови на вашите пријатели.
Twitter ја стартуваше Blackbird Pie алатка за вметнување (embed) на твитовите во текст, наместо да правите слика од твитовите и истата да ја вметнувате во текстот/блог пост.
Clobby е Facebook апликација за комуникација со можност за групен чет. Апликацијата е многу поефикасна од примарниот чет на Facebook. Не само што е на поголем екран и не се појавува на сите отворени Facebook табови, туку можете да разговарате со повеќе пријатели одеднаш.
Преку 50.000 сајтови ги имплементираа новите друштвени плагини на Facebook за само една недела откако беа најавени на f8 конференцијата, oбјави Facebook.
Друштвената мрежа воведе огромни промени пред се во начинот на како споделуваме информации. Пример кога ќе отидете на одредена веб страна, благодарение на друштвените плагини на Facebook (плагин има и во десно мени на It.com.mk), вие гледате што од страната им се допаднало на вашите пријатели.
На f8 конференцијата за девелопери се најавија доста промени на Facebook, од гасење на Facebook Connect и претставување на кредитите и нови правила за приватност, до претставување на Community Pages и Open Graph протоколот...
LinkedIn друштвената мрежа за бизнис контакти, објави нови понапреднати опции за споделување информации од друштвените мрежи, весниците, сајтовите... на LinkedIn и обратно.
Ерупцијата на исландскиот вулкан произведе огромен облак ширум Европа кој затвори поголем дел од европските аеродроми. Затоа еден дел од патниците се свртеа кон традиционалните преноси како автобуси и воз, додека други се свртеа кон интернет и друштвените мрежи барајќи превоз.
Facebook го промени „Become a Fan" копчето со „Like" кое ја има истата функција како и станување фан на нешто, но иако звучи исто сепак е различно од другото „Like“ кое се клика кога ви се допаѓа некој пост од вашите пријатели.
Тоа што ме испровоцира да го напишам овој текст е Facebook групата „***ФејсбукОТ***почна да станува досаден(озбилно)“. Како дојде до ова најуспешната социјална мрежа да стане досадна?! Па нели беше најинтересна работа, дури и кога некој ќе праша некого за излагање, не вeлиш дојди на MSN (Windows Live Messenger), туку ајде на Facebook ќе се договориме.
Dev.twitter.com е новата страница за девелопери на Twitter апликации. Сајтот е полн со информаци за девелоперите, има поставено форум за дискусија интегриран во Google Groups, а има и преглед на апликациите во изработка.
Nokia престави 3 модели на мобилни телефони кои се со опции фокусирани на друштвените мрежи и споделувањето.
Друштвената мрежа го редизајнираше Центарот за безбедност. Сега, наместо само општи информации за безбедност и приватност, редизираниот центар нуди посебни и соодветни опции за родителите, тинејџерите, професорите, правните работници и сите корисници можат да се информираат за безбедноста.
Еден ден пред Chirp конференцијата за девелоперите, Twitter ja престави својата платформа за рекламирање. Promoted Tweets ќе прикажува твитови-реклами кои ќе се појавуваат во резултатите од пребарувањето.
Тwitter допира до целиот свет, над 60 отсто од твитерџиите се надвор од САД, објави сервисот за микро-блогирање. Oд последниве десет месеци бројот на интернационалните корисници се зголемил за скоро 20 отсто, од 45% во јуни 2009 година до над 60% во април 2010.
Конечно дочекавме Southpark да посвети епизода на Facebook во која не се исмејува друштвената мрежа, туку опсесијата на луѓето со неа. Facebook секако е секојдневен елемент на многу од нас, таму се пријателите, таму се настаните, информациите... но можеби луѓето дојдоа до тој степен да го гледаат виртуелниот Facebook профил како мерка за пријателство?
„Историјата ја пишуваат зависници“ е прeдавање со успешни примери за како се користат друштвените мрежи да се постигне одреден ефект. Предавање е од Небојша Радовиќ - @Eniac кој зборуваше на петтиот роденден на Komunikacii.net блогот.