Но… од друга страна постигнува и неверојатни резултати. Сега над 100.000 веб сајтови ги користат плагините за персонализација, а од друштвената мрежа велат дека сајтовите забележуваат и зголемена посетеност.
„Сајтовите на медиумите што ги имлементираа плагинити, за да истакнат персонализирана содржина на читателите, забележаа значително покачување на дневниот сообраќај кој доаѓа од Facebook. Пример, сообраќајот од Facebook се зголемил за 290% на Washington Post, 250% на ABC News, and 80% на канадските Globe и Mail.“ пишува Џустин Ософски на Facebook блогот.
Доколку ја среди приватноста, т.е им ја врати на корисниците, и трендот на користење на плагините продолжи за многу бргу време Facebook ќе ги знае омилените линкови на корисниците и со тоа и нивните интереси, што ќе го направи доста сериозен конкурент на Google.