6 коментари 2 мин. читање

Facebook е досаден!

(Ова е гостински текст од Игор Ристовски – Comander, модератор на форумот и еден од основачите на fm.mk)

Како што се ширеше интернетот во Македонија, така луѓето се запознаа со друштвените мрежи. Прво започна со hi5, се сеќавате на тој сервис нели? Правите профил, ставате ваша лична слика и одбирате некоја фенси позадина, потоа започнувате со барање на вашите пријатели. И тогаш поголемиот дел од македонските корисници почна со постирање на разни глупости, да ставаат додатоци кој немаат никаква цел, да ставаат разни позадини кој дречат, трепкаат и едноставно бодат очи. Тој тренд на користење на таа социјална мрежа брзо опадна, конкретно од муабет:”Дај кажи ми кој ти е hi5 профил да те додадам.” до моментот кога излезе :”Еј немам веќе hi5 профил, ела на MySpace”.

Потоа дојде не толку големо нешто кое голем број корисници го искористија како друштвена мрежа, а кое е наменето во принцип за групи, бендови и фирми кој сакаат да се презентираат себеси на интернет. MySpace! И тука почна младината со креирање на профили и споделување на нивните мисли со не-толку-нападни позадини и ептен малку нападни слики (под нападни мислам оние слики каде некој/а е полугол/а).

И дојде 2006 година кога на интернетот се појави новиот социјален сервис така наречен Facebook. На почетокот се состоеше од многу мал број членови, претежно некои луѓе од ИТ заедницата кој го користеа Facebook во принцип исто како што сега го користат Twitter за споделување интересни работи, настани и линкови. Како што еволуираше ширењето на интернетот во Македонија, така еволуираше и бројот на Македонски корисници на Facebook. И стигнавме до она што денес го чини македонската Facebook заедница со вкупен број на 686.220 членови, според Facebook.

Оваа дискусија би ја дополнил со уште еден цитат:

„Фејсбук во Македонија беше супер се додека децата и оние кој немаат што да прават не ги открија групите и со тоа започнаа со правење на разно разни групи кој немаат никаква смисла и цел.” вели Дарко Гавровски, креаторот и одржувачот на групата за градот Тетово – „Го Љубим Тетоо / Тетово / Tetovo / Tetovё / Хътѣтово / テトヴォ / Kalkandelen“.

И навистина е така почнаа голем број групи да се отвараат од типот: „Ајде да се собереме 10000 души до Велигден” (и што кога ќе се соберат 10000 членови во групата? Оро ќе играат? „За сите оние кој се викаат … или кој имаат некој/а … во животот” пак бесцелна група, ако сакаш некому да му кажеш дека го цениш и/или го сакаш поарно јави му се на мобилен и кажи му го тоа. „Нема да плаќам за фејсбук и ќе го избришам профилот” верувајте Facebook се уплашија од  што 3.365 корисници од Македонија ќе се откажат. Додатно имаше и јавно објавено дека Facebook ќе остане бесплатен. Зошто тогаш „нема да плаќам за Фејсбук“?.

Сето ова незнаење како да се користат социјалните мрежи придонесува за тоа на корисниците со тек на време да им стане досадно, пред се бидејќи премногу време посветуваат на бесцелни групи, апликации итн. Па што е следното? Според тоа како се движат работите, втората најпопуларна мрежа во Македонија е Twitter, но некои велат дека нема да се вклучат во заедница која е ограничена на 140 букви/карактери и која нема слики. Хм… чудно, се си мислам дека од оние 128 луѓе кој ме следат барем 80 еднаш имаат искористено Twitter сервис за слики.

Сепак кога нешто не е тренди, тогаш е „тапа”.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top