1 коментар 2 мин. читање 14 април, 2010

И Nokia објави 3 мобилни за друштвени мрежи

Трите модели E5, C3 и C6, имаат директен линк од почетното мени до Facebook, Twiter и други друштвени мрежи, како и лесен пристап до инстант месенџерите. Телефоните имаат вградено 2 мегапиксели камера и се достапни во најразновидни бои. Цените за уредите се 90 евра (околу 5.500 денари) за C3, 180 евра за E5, и 220 евра за C6.

„Луѓето гo сакаат најдоброто искуство со праќање пораки и друштвените мрежи преку достапен уред, без врсла дали е тоа праќање на една порака, чатување, имејл сервис, или директна Twitter порака. Nokia C3, Nokia C6 и Nokia E5 уредите се направени токму за тоа.” вели Анси Ванјоки, главен за маркетинг во Nokia.

Nokia ги престави своите нови телефоните еден ден по објавување на KIN, мобилниот за друштвени мрежи на Microsoft. Земајќи во обзир дека друштвените мрежи и споделувањето слики се доста актуелна тема меѓу помладите корисници, меѓу 18 до 30 години, кои се таргет групата за овие нови модели на мобилни телефони, не би изненадило да видиме и други компании да објават свои „социјални телефони“.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Nekoj
Nekoj
16 years ago

Da ne mislevte na nokia E5, a ne na n5

Мени
Заедница
Изглед
To top