Друштвени мрежи

1.908 написи

Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Друштвени мрежи. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.

Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Софтвер

Прв поглед на Rockmelt, со слики

Rockmelt е нов и е доста интересен прелистувач. Се што сакате од друштвените мрежи, пред се Facebook, го имате на еден клик од вас, пријателите од лево, фидовите од десно, сурфањето на интернет пред вас... Прелистувачот е во затворена бета, но секој корисник кога ќе добие пристап добива неколку покани кои ги праќа кон другите корисници. (tnx Митко за поканата)

1 коментар Прочитај 10 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Друштвени мрежи ИТ.МК

Како #mkfail завладеа со нас…

Во последно време може да се забележи дека македонската Twitter заедница постојано расне. Бројот на корисници и општо активноста на сервисот за микро-блогирање постепено се зголемува... но и покрај позитивниот раст на овие полиња, навистина интересен е самиот „менталитет" кој се разива во твитосферата каде што во последните неколку месеци најпопуларен е тагот "#mkfail" (тагот со кој се одбележува неуспехот) и тролањето („специјална вештина“ со која се исмејува сé, само заради лична забава).

38 коментари Прочитај 10 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Facebook го изигра Google, ја заобиколи блокадата за извлекување Gmail контакти

Google го смени Contact API-то да не дозволува трети, надворешни сајтови да извлекуваат Gmail податоци на сервиси кои не дозволуваат споделување на податоци. Тоа значи дека сега нема да можете да ја користите автоматската опција за додавање пријатели од други сервиси на Facebook. Но, како за инает на Google, Facebook најде начин како да ја заобиколи блокадата користејќи се со Gmail решение.

0 коментари Прочитај 9 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Мобилни

Славејќи ги 1 мил. мобилeн корисник, WordPress објави aпликацијa за Nokia

„Мобилните ни станаа нашите персонални компјутери, секогаш со нас и секогаш спремни за да се блогира нешто со нив.“ вели Исак Кејет од Wordpress во блог пост кој го слави 1 милионитиот мобилен корисник од сите платформи.

2 коментари Прочитај 5 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook го редизајнираше и потсреди пребарувањето

Сега кога ќе пребарувате страни или луѓе на мрежата ќе добиете малку покорисни и покултурно прикажани резултати. Facebook го тргна делењето на лица и страни како што беше до сега, и ги смести сите на куп. Сега без врска на резултатот, дали е личен профил, група или фан страна ќе ги добиете сите излистани и ќе добиете од десно опции за да понудите пријателство, да кликнете Like на страна или да се вклучите во некоја од групите.

6 коментари Прочитај 4 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Facebook ќе ги мобилизира бизнисите преку Places

Facebook најави неколку мобилни новини, како логирање со еден клик на апликации и воведување на Facebook Deals, кои се интегрирани понуди на локалните бизниси преку сервисот за локација Places.

0 коментари Прочитај 4 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Друштвени мрежи Совети

Сега можете да unlike Facebook страна преку фидот за вести

Facebook воведе мали промени на стримот за вести. Првин, ги спушти пораките подолу и го смали фонтот, статусите не се веќе залепени до името на корисникот и можеби поинтересна новина додаде опција за unlike (не ми се допаѓа) преку стримот.

0 коментари Прочитај 3 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Совети

LinkedIn сега со сервис за препораки на страните за компании

LinkedIn им даде на брендовите нови опции за да се промовираат себе си и своите продукти. Брендовите сега ќе можат да додаваат препораки за продукти и сервиси, да си ги излистаат продуктите, за закачат мултимедија за продуктите и има модул за мрежа од препораки. Компаниите кои ќе дозволат рецензија на нивен продукт, ќе можат да додадат во своите реклами на мрежата дека се препорачани од корисник.

0 коментари Прочитај 3 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Друштвени мрежи ИТ.МК

Sakam.mk – Facebook рекламна мрежа

Sakam.mk е мрежа на Facebook страни кои нудат директна интеракција меѓу корисниците и компаниите. Kорисниците, преку активните Facebook профили ќе можат да споделуваат потрошувачко искуство, преку слики, линкови, видеа и информативни статуси. Додека пак од другата страна, брендови, компании или други правни лица ќе можат полесно да се поврзат со потрошувачите и да споделат ексклузивни понуди, попусти, услуги и свои производи...

2 коментари Прочитај 3 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Бугарски Facebook хит

Да, Facebook е дел од популарната култура и затоа е потребно да се испее. Подолу е видео од бугарската фолк пејачка Гергана и нејзината песна за друштвената мрежа. По тоа што разбрав, флертувањето започнува на Facebook, за потоа да стане реалност. Можеби Гергана сака да ни каже дека реалната комуникацијата е поважна од дигиталната? Уживајте! :P

7 коментари Прочитај 2 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Twitter ќе вметнува реклами во корисничкиот стрим

„Кога ги стартувавме Promoted Tweets во април, го најавивме планот за постепено нивно стартување во сите места каде корисниците го користат Twitter: прво во пребарувањето на Twitter.com, подоцна во пребарувањето преку нашите партнери, и евентуално во корисничкиот стрим.“ вели Twitter во блог пост.

0 коментари Прочитај 2 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook ќе ги казни програмерите кои продаваат кориснички ID

Facebook потврди дека има апликации кои продаваат кориснички податоци. Facebook не ги именува кои апликации но најави дека ќе ги казни програмерите на тие апликации.

0 коментари Прочитај 1 ноември, 2010
Редакција
1
stole Друштвени мрежи

За сите прави фармери…

FarmVille на Facebook е доста популарна игра, ја играат над 80 милиони играчи месечно. Очигледно обработувањето земја, одгледувањето зеленчук, овошки и чување стока е доста примамлива забава. Секако, повеќето играчи се закачија на играта заради друштвениот аспект, споделување на достигнувањата со пријателите, но после толку време потрошено сигурно сега има и „хардкор“ гејмери...

1 коментар Прочитај 1 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook стартува приказни меѓу два пријатели

Facebook приказната меѓу два пријатели (или Friendship страната) е страна каде се прикажува интеракцијата меѓу два пријатели, односно служи како еден вид дневник на нивните заеднички активности и заедничката комуникација, коментари, фотографии каде се тие тагирани заедно...

0 коментари Прочитај 29 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Друштвени мрежи

Zynga вреди повеќе од Electronic Arts, пишува BusinessWeek

Според проценетата вредност Zynga ја надминува таа на Electrоnic Arts, пишува BusinessWeek и посочува дека друштвениот гејминг ќе продолжи да расне наспрема традицоналните игри.

0 коментари Прочитај 27 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Совети

Mенаџирањето на Facebook фан страни стана поедноставно

Друштвената мрежа стартуваше нови, подобри опции за администраторско менаџирање на фан страните. Сега контролата која ја имате врз вашата страната ќе ја спроведувате преку поедноставен интерфејс со кој „администраторите ќе гледаат и пристапат до сите аспекти на менаџерот за страни без да скролаат надолу“ вели Facebook.

1 коментар Прочитај 27 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Свет

Астронаут се чекираше на Foursquare од Вселената

Астронаутот на НАСА, Даглас Вилок ја доби „NASA Explorer“ значката на Foursquare откако се чекираше на Foursquare од 354 километри над Земјата додека патуваше со брзина од 28.000 километри на час. Значките се еден вид игра на Foursquare, собирањето значки носи и награди, што ги поттикнуваат корисниците да го користат сервисот. Ако ја покаже значката астронаутот Вилок ќе добие бесплатен сладолед за аустронаути. :)

4 коментари Прочитај 25 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook ќе ги енкриптира корисничките ID броеви

Facebook се одлучи да ги енкриптира (шифрира) корисничките идентификациони броеви (UID). Ова следи по неодамнешното откритие дека Facebook апликациите ги споделува корисничките ID броеви со маркетинг агенции и компании кои „копаат“ интернет информации и покрај тоа што таквото извлекување од податоци е забрането на Facebook.

1 коментар Прочитај 22 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Друштвени мрежи

Вестите на Google добија друштвен елемент

Google тестира подруштвени вести, додаде „Споделено од“ текстот покрај секоја вест. На прв поглед оваа информација заедно со бројот на „сличните написи“ ви ја кажува популарноста на веста, често и важноста на тие вести.

0 коментари Прочитај 21 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Facebook апликации споделуваат кориснички ID со маркетинг агенции

Повеќето апликациите на Facebook ги споделуваат корисничките ID броеви, давајќи пристап до имиња на корисниците и на нивните пријатели на околу 25 маркетинг агенции и компании кои работат со податоци, од кои некои работат со креирање профил на интернет корисници следејќи ги нивните онлајн навики, открива Wall Street Journal.

2 коментари Прочитај 18 октомври, 2010
Мени
Заедница
Изглед