Македонската Twitter заедница е интересна група луѓе. Има ИТ професионалци и ентузијасти, дизајнери, луѓе кои се бават со ПР, маркетинг, менаџмент, има студенти, новинари, активисти… со еден збор креативци и оние луѓе кои можат треба да придонесат нешто за иновацијата во македонското општество.
Но, зошто тие креативци се преземени од #mkfail тагот, зарем сеирот и исмејувањето е попривлечен од #mkwin, споделувањето идеи и успесите. Можеби нема многу успеси во Македонија, но зарем креативците не треба самите да иновираат и да сподеалат и создадат кул идеи?
Појдете само од концептот на Twitter. Преку кратки пораки кои бараат креативност да ги спакуваш во 140 карактери, пораки кои се јавни за сите, можат да се споделуваат идеи со сите! Имаме и локални сервиси кои ја откриваат .мк Twitter заедницата, пр. 140.мк. Одлично место за обединување на мислите и идеите, нели?
За жал сервисот за микро-блогирање, станува преплавен со #mkfail тагови. Некои се комплетно валидни и треба да се истакнат, со цел да не се повтори грешката или заради оправдана критика, но некои се навистина банални и непотребни.
Можеби креативците останаа без идеи?
п.с. Сигурен сум дека има некој кој ќе се нафрли врз IT.com.mk/nagradi-те велејќи дека и ние имаме категорија #mkfail, можеби со право, но целта на наградите е да бидат слика на нашето ИТ општеството и неговите (не)достигнувањата.

Коментари
38 коментари
Коментарите се затворени.