Прво што ќе ве пречека кога ќе го стартувате Rockmelt е да се логирате на Facebook. Toa може да биде проблем, иако има опција за постојано да сте логирани на Facebook преку Rockmelt. Проблем при стартувањето може да биде понекогаш да нема конекција до Facebook, иако тоа ретко се случува, и што му треба некоја секунда повеќе да ги вчита пријателите и фидовите. Но, тоа не треба да е замерка бидејќи Rockmelt е доволно брз. Тој е базиран на Chromium, па така да интерфејсот, перформансите и екстензиите се слични на тие за Google Chrome.
Прво што ќе приметите е што од лево ви е барот со пријателите, од десно е барот со фидовите. Rockmelt нема којзнае колку опции (менито се наоѓа најгоре лево). Доколку сакате екстензии ja имате Google Chrome библиотеката за екстензии. Пребарувањето е во десниот горен агол и е Google пребарување чии резултати се прикажуваат во мени, над отворениот таб.
Но… Rockmelt не е за power сурфачите, туку за power корисниците на друштвените мрежи, за тие корисници кои сакаат да читаат постови и информации и кои сакаат да четуваат. Четот, читање фидови и споделувањето линкови е всушнот Rockmelt.
Една од поинтересните опции е додавањето извор на информации, пример ги имате Facebook и Twitter (иако вториот некако не ми функционира), но може да додадете и други RSS фидови, пример од IT.com.mk и форумот, можеби од агрегатор за вести, или пак од омилените сајтови. При самото сурфање ако букмаркирате (одбележите со ѕвезда) еден сајт ќе можете да си го додадете и во фидот.
Проблем наидов на сортирање на пријателите, во левиот таб ми ги излистува по азбучен ред сите пријатели. Може да се фаворизираат омилените пријатели и да се постават во посебно мени. Четот е исто така доста функционален. Стартуваниот чет се појавува како посебен таб во Windows таскбарот, единствен проблем може да биде што треба Facebook согласност од другата страна која го користи стандардниот Facebook чет.
Во секој случај, Rockmelt е тоа што се прикажува – прелистувач за друштвени мрежи.
јас уште чекам покана :Р