Со Deals, Facebook ќе им овозможи на корисниците да најдат локални бизниси, а ќе им дозволи на продавниците, рестораните, и други локални бизниси… да понудат промоции и попусти преку локацијата на Places.
Ќе има четири видови на понуди: индивидуални со попусти и бесплатни работи, пријателски понуди и попусти за двајца+ пријатели, понуди за лојалност за постојаните муштерии и зделки за добротворни цели, што дозволуваат донирање. Интересно, Марк Зукерберг потврди дека Facebook нема да зема процент од понудите.
Deals функционира така што секој корисник преку мобилната Facebook апликација ќе може да пребарува понуди што се блиску до него, да ги одбере и да ги искористи. Секоја искористена понуда ќе биде постирана на корисничкиот ѕид што е вид ефикасна реклама за бизнисот.
Моментално Places и Deals, се достапни само во САД и Велика Британија.
Дополнително, Facebook најави единствено логирање на мобилните апликации, корисниците да можат да се логираат само со кликање на копче без пишување на лозинка. Односно после првото логирање, сите натамошни користења на други апликации нема да бараат лозинка.
Исто така, Facebook го отвори за развивачите своето локациско API, со цел развивачите целосно да гo искористат Places сервисот во апликациите.