Виктор Дано

2.842 написи активност: 12/2008 - 10/2016

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Интернетот донесе поголема слобода, но сепак не е безбедно место да се биде искрен

Луѓето ширум светот веруваат дека Интернетот е моќна алатка која донесе поголема слобода, но добар дел од нив се плашат да бидат искрени онлајн и да си го кажат своето јавно мислење од страв дека ќе бидат таргетирани од властите, открива глобална анкета на BBC направена во 17 земји во кои е присутен британскиот медиум. […]

0 коментари Прочитај 1 април, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ

Младите Европејци сакаат слободна комуникација со поевтини роаминг цени

Европската Комиција објави резултати од анкета со кои ги оправда своите легислативи за намалување на роаминг трошоците. Анкетата е направено со илјада млади Европејци на возраст од 18 до 34 години, кои се земени како примерот на корисници кои најмногу ги користат своите мобилни телефони. Резултатите откриваат дека 93 отсто од младите Европејци се чувствуваат […]

0 коментари Прочитај 1 април, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Совети

Coursera ги донесе своите бесплатни предавања и на Android

Eден од најдобрите стартапи за онлајн едукација, Coursera, сега е достапен и на Android, откако првин беше објавена за iPhone, а пред две недели и за iPad. Coursera нуди над 600 бесплатни курсеви на најразлични теми соберени од стотина влијателни образовни институции и универзитети. Како и преку сајтот, така и преку мобилната апликација ќе може […]

0 коментари Прочитај 31 март, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Компанија му „раскина“ на Facebook со комично писмо околу промените на алгоритмот

Ако eдно е сигурно кај Facebook е тоа дека се менува постојано, од промени во дизајнот кои и не се толку влијателни, до промени на алгоритмот кој ги одбира вестите во News Feed-от за да ги натера огласувачите и компаниите да дадат повеќе пари за нивните постови да бидат видени од публиакта. Епа, на Eat24, […]

0 коментари Прочитај 31 март, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Турција стави забрана и на YouTube заради „национална безбедност“

Tурските власти повторно ги разгневија интернет корисниците и меѓународната заедница со блокирање на YouTube, само два дена откако беше тргната забраната на Twitter. Овојпат власта предводена од премиерот Реџип Таип Ердоган, кој недомна изјави дека „ќе го избрише Twitter“ и дека не треба да им се верува на друштвените мрежи бидејќи на „нив се шират […]

0 коментари Прочитај 28 март, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Совети

Апликација на денот: Оffice за iPad и Android сега е целосно бесплатна

Заедно со претставување на freеmium Office за iPad, Microsoft објави дека верзиите за iPhone и Android ќе бидат целосно бесплатни. Тоа значи дека нема да ви треба претплата на Office 365 за да прегледувате и едитирате документи преку iPhone или Android телефоните (верзијата за Android таблети е најавена за наскоро). Според Microsoft, одлуката да се […]

0 коментари Прочитај 28 март, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер

Microsoft Office конечно е достапен за iPad како freemium апликации

Популарниот софтверски пакет на Microsoft конечно пристигна на популарниот таблет компјутер на Apple. Со Оffice за iPаd корисниците ќе можат да ги користат Word, Excel и Powerpoint, кои се оптимизирани да работат на екрани со допир и се достапни како самотојни апликации. Документите ќе бидат складирани во веб складиштето OneDrive за да може да се […]

1 коментар Прочитај 28 март, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Хардвер

Samsung претстави паметни светилки кои ќе работат до 10 години

Започна и трката да се освои пазарот на Интернет на нештата. За почеток се претставија паметни светилки кои ќе можат да се поврзат со интернет и да се контролираат преку апликации. Philips ја претстави својата Hue со Wi-Fi; потоа следеше LG кои ја претставија својата SmartBulb која се поврзува со Wi-Fi и Bluetooth; а сега […]

1 коментар Прочитај 28 март, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Тwitter ќе дозволи да тагирате пријатели во фотографии; ќе може да закачите до 4 фотографии во твит

Twitter објави неочекувана новина кога се во прашање фотографиите со која навлегува во друштвениот домен на Facebook. Twitter барем до сега беше наменет за кратки и информативни пораки во реално време спакувани во 140 карактери, но сега со новата можност да се објават до 4 фотографии во еден твит, на кои може да ги тагирате […]

0 коментари Прочитај 27 март, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Совети

Aпликација на денот: NajdiTaxi во македонските градови со Android или iPhone

Понекогаш е чудно што во Македонија, мала земја со мали градови и некаде добар јавен превоз, има толку многу такси компании што понекогаш не знаете која да ја одберете, ниту на кој број да ја повикате. NajdiTaxi за Android и iOS е мобилна апликација на Trinity Media која се обидува да ви помогне при наоѓање […]

9 коментари Прочитај 27 март, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Барем засега, турски суд ќе ја тргна забраната на Twitter

По неколку дневната забрана, Тwitter ќе биде повторно достапен за турските твитерџии. Мрежата беше блокирана изминатиот петок откако на неа беа објавени контроверзни снимки кои ја откриваат корупцијата на властите, и иако премиерот Рецеп Таип Ердоган порача дека ќе „ја избрише“ друштвената мрежа, сепак судот во Анкара нареди да се тргне забраната. Судот се реши […]

1 коментар Прочитај 26 март, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Мора да прочиташ

Facebook за 2 милијарди долари ја купува виртуелната реалност на Oculus Rift

Facebook го купува Oculus VR, компанија за виртуелна реалност основана од 21-годишниот Палмер Лаки, за неверојатни 2 милијарди долари. Ова е трета голема аквизиција на Facebook на помали стартапи, но за неверојатни цени. Во последната година Марк Закерберг потроши околу 900 милиони долари на друштвената мрежа за споделување фотографии, Instagram; рекордни 19 милијарди долари на […]

0 коментари Прочитај 25 март, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Се што треба да знаете за новиот HTC One M8…

Тајванскиот HTC го претстави својот нов HTC One M8 телефон од висока класа, high-end, со кој ќе се обиде да конкурира на пазарот кој го држат Apple и Samsung. Од тоа што го видовме на официјалното претставување, новиот HTC One M8 е исто толку добро дизајниран со алуминиум како претходникот чиј дизајн беше пофален, и […]

0 коментари Прочитај 25 март, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Совети

Medium објави iPhone апликација, но само за читање на блог постовите

Новата платформа за блогирање, Medium, стартувана од Еван Вилијамс кој го направи и продаде Blogger на Google, и кој е ко-основач на Twitter, сега доби iPhone апликација преку која ќе може да ги читате блог постовите, но не и да постирате текстови. Според г. Вилијамс, Medium треба да ги промени блоговите (повторно, по Blogger) и […]

0 коментари Прочитај 25 март, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Совети

Aпликација на денот: Следете ги сите трошоци со македонската MyBudgetPlanner за Windows Phone

MyBudgetPlanner е нова македонска апликација за Windows Phone, и прва апликација на Стеван Костоски, .NET програмер. Апликацијата, дизајнирана во Metro стил, е финански планер со кој може да ги следите вашите трошоци до последниот денар. Може да креирате свој буџет, да следите дневни или месечни трошоци, да следите на какви се работи ги трошите парите […]

4 коментари Прочитај 25 март, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Откако се појави во постапокалиптичниот свет на Misery, Скопје ќе го видиме и во The Seed

Фотографии и звуци од Скопје наскоро ќе се појават во новата игра The Seed сместена во постапокалиптичната 2026-та година, некаде во Источна Европа. Играта е се уште во развој, и во потрага по 15.000 фунти преку краудандинг и Kickstarter, но зад неа стои инвеститор кој е подготвен да ја релизира и тим кој е наградуван […]

0 коментари Прочитај 24 март, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Firechat е нова чет апликација за која не ви треба интернет конекција

FireChat е нова iOS апликација која овозможува комуникација и од таму каде нема интернет конекција, ниту пак телефонски сигнал. Апликација фунцкионира благодарение на технологија која Apple ја додаде во iOS 7, Multipeer Connectivity Framework, со кој се поврзуваат корисниците кои се во околина преку p2p мрежа. FireChat не е направена да си четувате од било […]

2 коментари Прочитај 24 март, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Tурција го забрани Twitter, но граѓаните сепак твитаат за #TwitterisblockedinTurkey

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган нареди забрана Twitter, откако на популарната друштвена мрежа беа објавени снимки од разговори кои ја потврдуваат корупцијата за време на изборите. Иако и Европската Унија го осуди блокирањето како „неосновано и кукавичко“, сепак турските власти изјавија дека забраната на Twitter е направена легално, со помош на судот кој оценил дека […]

0 коментари Прочитај 21 март, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Веб ИТ.МК

YouTube сега е локализиран за македонска содржина

Отсега YouTube на почетната страна ќе ви прикажува видеа кои се популарни и гледани од македонските корисници, открива Славе Јовановски, кој веќе неколку години работи како технички водач на YouTube. За неговата работа и искуство може да прочитате во интервjуто што го направивме со Славе. Локализирањето значи дека отсега YouTube, кој знае од кој регион […]

1 коментар Прочитај 21 март, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Веб ИТ.МК

Наскоро ќе може да регистрирате кирилични.мкд домени

Македонија е една од ретките земји, покрај Русиja, Бугарија и Србија, која ќе има домен на кирилица. Така, на пример, наместо да пишувате „kirilica.mk“, наскоро ќе може да отворите сајт со внесување на „кирилица.мкд“. Идејата со кириличните домени, кои беа одобрени од ICAAN уште пред две години, е да им обезбеди на корисниците полесно да […]

6 коментари Прочитај 20 март, 2014
Мени
Заедница
Изглед
To top