0 коментари 2 мин. читање 27 март, 2014

Тwitter ќе дозволи да тагирате пријатели во фотографии; ќе може да закачите до 4 фотографии во твит

Twitter објави неочекувана новина кога се во прашање фотографиите со која навлегува во друштвениот домен на Facebook. Twitter барем до сега беше наменет за кратки и информативни пораки во реално време спакувани во 140 карактери, но сега со новата можност да се објават до 4 фотографии во еден твит, на кои може да ги тагирате пријателите, сервисот за микро-блогирање полека се претвара во вистинска друштвена мрежа. Според Twitter, тагирањето на пријателите ќе дозволи „разговорите околу фотографиите да бидат забавни и лесни“. Тагирањето нема да влијае врз бројот на знаците во пораката, чиј максимум останува на 140, но ќе помогне да се добие поголема интеракција помеѓу пријателите и нивните следбеници. За секој таг ќе следи нотификација која може да се сетира.

Но, тоа што е поинтересно е што сега Twitter ќе дозволи да закачите до 4 фотографии во еден твит, да направите „колаж“ како што го нарекува Twitter. Ова е добро за споделување на важни вести, по што е Twitter познат, но и во претварање на сервисот во фото албум за се и сешто како што видовме на Facebook, од закачување слики од одмори до мемиња и рандом шеги. Секако закачување на повеќе фотографии и тагирањето ќе им помогне на огласувачите.

Закачување на повеќе фотографии веќе е достапно на iPhone апликацијата, а наскоро ќе биде и на Android и на веб.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top