Интернетот донесе поголема слобода, но сепак не е безбедно место да се биде искрен

во Веб, Свет

Луѓето ширум светот веруваат дека Интернетот е моќна алатка која донесе поголема слобода, но добар дел од нив се плашат да бидат искрени онлајн и да си го кажат своето јавно мислење од страв дека ќе бидат таргетирани од властите, открива глобална анкета на BBC направена во 17 земји во кои е присутен британскиот медиум. Анкетата е дел од Freedom Live кампања во кој се истражува „слободата и што таа значи“.

„Резултатите покажуваат дека слободата, која никогаш не е едноставна идеја, сега стана уште посложена во дигиталната ера. Интернетот и друштвените мрежи значат дека може да комуницираме послободно од било кога. Но, ние сме под поголема лупа и набљудувања од властите и комерцијалните организации“, пишува BBC.

Иако 67 отсто од испитаниците велат дека Интернетот им донел поголема слобода, иако граѓните на Мексико, Германија и Кина не се толку оптимисти; сепак дури половина, 52 отсто, велат дека не се чуствуваат безбедно онлајн. Граѓаните од Франција, Јужна Кореја, САД и Канада се најзагрижени за својата безбедност.

Стравот од интернетот доаѓа најмногу од паранојата дека некој ве набљудува, што за жал беше само потврдено со откривање на масовното прислушување од Американската национална агенција за безбедност (NSA). Луѓето се плашат дека ако јавно ги критикуваат своите власти, дека ќе бидат ставени на црни листи. Дел од стравот е поврзан и со кариерите, пример дали шефот набљудува што се прави во слободно време, и кој се може да ги злоупотреби нивните лични информации. Колку е поповрзана земјата, толку е поголем стравот од набљудување и онлајн шпионирање.

Дел од анкетата ја покри и слободата на медумите, и резултатите за жал се поразувачки. Само 40 отсто од луѓето ширум светот веруваат дека медиумите се слободни, што не е воопшто охрабрувачки за луѓето кои сакаат да го споделат своето мислење јавно. Ако институциите кои треба да се објективни и критични кон властите немаат храброст да бидат слободни, тогаш што може да направи еден индивидуалец?

Сепак, чувството за слобода, вели BBC, не е рефлексија на колку едно општество е слободно.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments