Tурција го забрани Twitter, но граѓаните сепак твитаат за #TwitterisblockedinTurkey

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган нареди забрана Twitter, откако на популарната друштвена мрежа беа објавени снимки од разговори кои ја потврдуваат корупцијата за време на изборите. Иако и Европската Унија го осуди блокирањето како „неосновано и кукавичко“, сепак турските власти изјавија дека забраната на Twitter е направена легално, со помош на судот кој оценил дека треба да се блокира мрежата како „безбедносна мерка“. Во меѓувреме, турската адвокатска заедница најави дека ќе се бори против судот да се тргне забраната.

„Не ми е гајле што вели меѓународната заедница за ова. Секој ќе ја види моќта на Турската република“, изјави г. Ердоган.

Но, и покрај блокадата, 10-те милиони турски твитерџии наоѓаат начин да постираат на мрежата преку прокси сервери и промена на DNS адресите. По само неколку часа откако беше забележана блокадата, хаштагот #TwitterisblockedinTurkey стана популарна тема на Twitter, привлекувајќи ја поддршката на корисниците ширум светот. И Twitter кој се уште не излезе со официјална изјава околу блокадата, објави инструкции за турските граѓани како да пристапат до мрежата и покрај забраната.

Ова не е прва битка на г. Ердоган и турските власти со друштвените мрежи. Во 2008година Турција го забрани YouTube околу видеата кои беа навредливи кон основачот на турската република, Мустафа Кемал Ататурк. Забраната беше тргната две години подоцна во 2010-та година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk