Наскоро ќе може да регистрирате кирилични.мкд домени

во Веб, ИТ.МК

Македонија е една од ретките земји, покрај Русиja, Бугарија и Србија, која ќе има домен на кирилица. Така, на пример, наместо да пишувате „kirilica.mk“, наскоро ќе може да отворите сајт со внесување на „кирилица.мкд“. Идејата со кириличните домени, кои беа одобрени од ICAAN уште пред две години, е да им обезбеди на корисниците полесно да пристапуваат до домените на мајчината азбука, и секако да направи поинтересна конкуренција околу имињата на домени.

„Со националниот домен (.мкд) ќе можат да се регистрираат веб страници на кирилично писмо кои што до сега не можевме, односно ќе бидат опфатени карактеристични букви од нашата азбука како што се Љ, Њ, Ѓ, Ж, Ч, Ш, Џ. Такви примери се Ченто.мкд, Чаир.мкд, ЃорчеПетров.мкд, Љубаништа.мкд, МаџарМаало.мкд, Коњаник.мкд, Живојно.мкд, Жабени.мкд и голем број други примери“, објасни ИТ министерот Иво Ивановски.

ИТ министерот отиде чекор подалеку обвинувајќи ги соседите дека го „наметнуваат неправди со омаловажувење на македонскиот јазик“, па .мкд доменот демек ќе направи некоја посеба промена во меѓународната полика. Во реалноста, .мкд доменот ќе им користи најмногу на македонските граѓани да им го олесни сурфањето на интернет. Ова посебно важи за постарите граѓани над 55 години од кои дури 70 отсто се изјаснија дека воопшто не користат интернет, ниту имаат потреба од него.

Кириличните домени ќе бидат достапни откако Интернет корпорацијата за доделување имиња (ICANN) ќе ги внесе .мкд доменот во системот.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
6 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Risto Riste
Risto Riste
8 years ago

… го „наметнуваат неправди со омаловажувење на македонскиот јазик“, …

… koj, i sto sakase so ova i ovde da kaze… ministerot ili novinaror?

Кристијан
Кристијан
8 years ago

Мене ме интересира како ние што не користиме македонска поддршка ќе можеме да пристапиме до тие домени што се на македонска поддршка?

Коста
Коста
8 years ago

Па, како го напиша коментаров ако не користиш македонска поддршка!?

Marko
Marko
8 years ago

Ако убо сватив до тексто, граѓаните над 55 год. како демек ќе користат интернет ако има кирилица домеин така? o.O