Популарниот софтверски пакет на Microsoft конечно пристигна на популарниот таблет компјутер на Apple. Со Оffice за iPаd корисниците ќе можат да ги користат Word, Excel и Powerpoint, кои се оптимизирани да работат на екрани со допир и се достапни како самотојни апликации. Документите ќе бидат складирани во веб складиштето OneDrive за да може да се обезбеди соработка преку облакот на повеќе корисници.
[youtube]frpsGFQ4AIY[/youtube]
Иако пакетот веќе подолго време е достапен на iPhone, сепак таблет компјутерот има поголем екран со што ќе го олесни едитирањето на документите, табелите или презентациите. Веднаш по претставувањето, истите се најдоа на врвот на листата на најсимнувани апликации на App Store за iPad. Сепак, апликациите иако се бесплатни за да прегледувате документи, ќе ви треба претплата на Office 365 од околу 7 долари за да може да едитирате документи.
[youtube]ds9ZwEryDWc[/youtube]
Пристигнувањето на Office на iPаd беше поздравено и од директорот на Apple, Тим Кук, во твит, на што Сатја Недела му се заблагодари. Иако комуникацијата се одвиваже преку кратките пораки на Twitter сепак пред светот беше ставен голем впечаток дека двете компании сега се отворени за соработка. За г. Надела се вели дека е главен иницијатор што побрзо да се претстави популарниот софтвер на iPad, што е спротивно од агендата на поранешниот директор Стив Балмер кој не сакаше да му даде предност на конкурентниот таблет пред нивнито Surface.
Стани премиум член и доби пристап до сите
содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет,
верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го
поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!
* плаќањето е
на годишно ниво
Доколку веќе имаш премиум
членство, најави се тука.