0 коментари 1 мин. читање

Coursera ги донесе своите бесплатни предавања и на Android

Eден од најдобрите стартапи за онлајн едукација, Coursera, сега е достапен и на Android, откако првин беше објавена за iPhone, а пред две недели и за iPad. Coursera нуди над 600 бесплатни курсеви на најразлични теми соберени од стотина влијателни образовни институции и универзитети. Како и преку сајтот, така и преку мобилната апликација ќе може да следите внимателно одбрани наставни програми преку видео курсеви.

Целта на Coursera е да обезбеди образование за сите, за тие ентузијастички и мотивирани студенти кои за жал немаат пари да дојдат до повисоко образовани, и до тие кои немаат квалитетно образование блиску до нив. Со мобилните апликации се оди чекор понапред да им се понудат курсеви и на тие што немаат личен компјутер. Toa што е важно е што курсевите можат да се симнат за офлајн гледање, а целата содржина ќе може да се контролира преку апликацијата. Coursera за Android е достапна на 12 јазици, за жал не и на македонски.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top