Виктор Дано

2.842 написи активност: 12/2008 - 10/2016

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Совети

ИТ настан: Дојдете на пиво и муабети за кодирање на Beer & Code

Beer & Code започна спонтано во стартапот Fridgecheck, каде хрватскиот основач Иван Мајсторовиќ сакаше да ги запознае програмерите и другите ИТ професионалци од Македонија. Иван со тим македонски програмери работи на апликација со која може да се следи потрошувачката на храна, односно колку е празен фрижидерот. Со Beer & Code, вели тој, сакаа да се […]

0 коментари Прочитај 4 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мора да прочиташ

Радости! Google Play Music пристигна во Македонија

(Фала до Александар Ниневски за линкот) Сервисот за стримање музика на Google сега е достапен и во Македонија. Преку Play Music, достапен преку десктоп, Android и iOS, ќе може да купувате музика или да си закачите до 20.000 песни на облакот на Google за да може да ги слушате офлајн. За Македонија и другите источно-европски […]

11 коментари Прочитај 4 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ

Новиот еврокомесар за дигитална Европа сака да го оданочи Google

Гунтер Отингер од самиот почеток на работата како новиот еврокомесар за дигиталната економија и општество привлече внимание заради контроверзни изјави и најави. Откако ги нарече холивудските ѕвезди глупави бидејќи имаат голи слики на своите телефони, г. Отингер сега најави реформи за постоечките авторски права со кои ќе ги оданочи интернет пребарувачите. Наречeни како „Google-tax“ реформи, […]

0 коментари Прочитај 3 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Горд сум што сум геј, вели Tим Кук, директорот на Apple

Директорот на Apple, Тим Кук, јавно проговори дека е горд на својата хомосексуалност. Иако се знаеше за неговата сексуална определба, сепак г. Кук, кој застана на чело на една од највредните ИТ компании по смртта на Стив Џобс, за прв пат се изјасни пред целата јавност дека е горд што е геј и дека „тоа […]

0 коментари Прочитај 30 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Geoffrey сака да биде вашиот електронски келнер

Прашање на време е кога ќе влезете во некој македонски ресторан и наместо да ве пречека келнер, ќе ги направите нарачките преку паметен уред. Всушност, ако го прашате Geoffrey, таблет компјутер наменет за угостителството, таквата еволуција е сосема природна, дури и во Македонија. Уредите се веќе достапни – Geoffrey нуди дигитално мени и електронски нарачки, […]

0 коментари Прочитај 30 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Свет

Motorola сега и официјално е во сопственост на Lenovo

Откако имаше кратка афера со Google, кој потроши 12,5 милијарди долари за производителот на мобилни телефони, сега Motorola се префрла кај Lenovo, кој пак потроши 2,9 милијарди долари да ја откупи од Google. Google призна дека не беше толку заинтересиран за телефоните на Motorola, колку што го интересираше портфолиото на патенти со кои ќе го […]

1 коментар Прочитај 30 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Веб

HTML5 стандардот е конечно завршен

Пред пет години Стив Џобс му објави војна на Flash, и најави дека HTML5 е иднината за мобилните уреди. Денес неговата визија се комплетира. World Wide Web Consortium (W3C), интернационалната организација која ги оддржува веб стандардите, објави дека HTML5 е завршен комплетно. Иако HTML5 веќе се користи од еден куп девелопери во комбинација со другите […]

0 коментари Прочитај 29 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ

Европскиот суд за правда вели дека ембедирано видео не ги прекршува авторските права

Европскиот суд на правдата пресуди дека ембедирањето на видео без дозвола од авторот не ги прекршува авторските права. Според судот, вметнување на авторско видео на сајт преку embed опцијата е легално, се додека на видеото не му е променета содржина или не привлекува нова публика. Видеото е веќе објавено на интернет, што значи дека не […]

3 коментари Прочитај 27 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Совети Статии

Медиуми, блогери и дизајнери, не мора да крадете фотографии! Има подобар начин

И покрај јавното мислење, содржината на Интернет не е бесплатна за преземање. И покрај обидите да се игнорираат, сепак постојат авторски права кои мора да ги испочитуваме. Тоа посебно важи за македонските медиуми, блогови и дизајнари кои преземаат авторски дела без да ги потпишат фотографите, ниту пак имаат намера да им платат. Најчестото оправдување е […]

1 коментар Прочитај 22 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Совети

Апликација на денот: МК Тransport ги знае сите автобуски линии

Кога доаѓа автобусот за Тетово од Скопје? На вакво прашање имате две опции, да се јавите во автобуската или да ја oтворите апликацијата MK transport со која ќе ги дознаете сите термини на автобуските и железничките линии. Апликацијата е креирана од Бранко Димитријоски кој вели дека во апликациите се „земени предвид сите населени места и […]

6 коментари Прочитај 22 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Софтвер

GG.mk S01E03: Кај се кријат македонските инди игри?

Инди заедницата во Македонија е релативно млада. Стартуваше од пред две-три години со организирање на настани како Game Jam, Инди пиво, и креативни (и интернационални) Alt Ctrl настани за креирање на алтернативни контролери. Но, и покрај целиот ентузијазам и талентирани развивачи, сепак е реткост да најдеме македонски игри. Зошто? Според Гораст Цветковски, попознат како Skullmonkey […]

1 коментар Прочитај 22 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ ИТ.МК

Македонија е заглавена, но ИТ општеството се развива, се вели во европскиот извештај

Прогресот на Македонија кон членство во ЕУ се наоѓа во „безизлезна положба“. Вака Европската Комисија го отвори својот нов извештај за Македонија, обвинувајќи ги властите дека не сакаат да ги прифатат препораките и реформите. Но, ако судството, граѓанските слободи и другите сфери се вистински проблем, тоа што е добро е што во делот за  „Информатичкото општество и […]

0 коментари Прочитај 21 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Поезијата започна на Twitter, за потоа „Многудeтна“ да се издаде како е-книга

„Многудетна“ е нова збирка поезија од Новица Наков, која прво се појави во серија дневни твитови, за потоа тие да бидат соберени во збирка и издадени од PMG Recordings. Откако беше испечатена, следниот логичен чекор за Новица, кој можеби го познавате како член на Слободен софтвер Македонија, беше да ја издаде книгата во електронска форма, […]

0 коментари Прочитај 16 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Софтвер

GG.mk S01E02: Oтворени светови, Warlods of Draenor и храбри инди-игри

По успешното деби, eмисијата за игри GG.mk ја имаше и својата втора епизода со околу 5.000 прегледи во која ги претставија најновите игри кои се сместени во отворени светови, храбрите идеи зад инди-игрите и Unity Engine. Дечките од GG.mk ги рецензираа Shadow of Mordor и Warlords of Draenor, новото продолжение на World of Warcraft, независната […]

0 коментари Прочитај 15 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Статии

Aко побарате отворени податоци од властите, МИОА вели дека ќе ги добиете

Целта на otvorenipodatoci.gov.mk е да ги ослободи информациите од владините институции и да им ги понуди, во систематизирана форма, на граѓаните и компаниите да креираат апликации, содржини, истражувања и услуги. Засега проектот се движи во добра насока, и нема зошто да не се пофали обидот да се ослободат јавните ресурси. Но, тоа што е интересно […]

0 коментари Прочитај 10 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Совети

Стартап лекции што ги научивме од Time.mk на третиот Startup Grind Skopje

Time.mk има 200.000 посети на ден, 250.000 корисници го посетуваат месечно, и забележува 20% посети од мобилни телефони. На кратко, Time.mk e најпопуларниот сајт во Македонија. Но, пред само неколку години Time.mk беше само стартап кој не започна со идеја да прави пари, туку како предизвик да се направи нешто корисно, вели основачот Игор Трајковски […]

2 коментари Прочитај 8 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

GG.mk имаше успешно деби; привлече над 7.300 прегледи

После долго чекање, емисијата за видеоигри GG.mk го имаше своето деби на Twitch. И тоа какво деби! Емисијата која е предвидена да трае 90-тина минути, траеше 2 часа и 15 минути, привлекувајќи околу 660 гледачи истовремено, или вкупно 7.322 прегледи. Дополнително добија и 677 следбеници на каналот и околу 370 прегледи на снимката на YouTube, […]

1 коментар Прочитај 8 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Конечно! Емисијата за игри GG.mk стартува во живо на Twitch

По долго чекање, конечно ќе ја гледаме новата емисија за видеогри. Но, GG.mk нема да стартува на старите и добри телевизии, туку на супер-кул сервис за стримање – Twitch.tv. Основачите на GG.mk велат дека идејата им се врти во глава веќе неколку години. Но, дали поради други обврски, дали поради незаинтересираност од телевизиите, емисијата беше […]

0 коментари Прочитај 7 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Стартапи, имате трета шанса да им се приклучите на SuperFounders Skopje

Започнува и третата Start програма на раниот стартап акселератор SuperFounders Skopje. Програмата, која започнува следната недела ќе има нов формат со повеќе меѓународни собири, барем три презентации пред интернационални инвеститори за најдобрите стартапи, и ментори со искуство од Techstars, Pioneers, Seedcamp. Пријавувањето е до петокот, 17-ти октомври. Стартапите кои ќе бидат прифатени ќе имаат посебни […]

0 коментари Прочитај 6 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

ИТ настан: Tрета AllWeb конференција за вирален маркетинг

Најавен е третиот AllWeb, кој ќе се одржи на 14-ти ноември. Конференцијата за маркетинг и онлајн ПР има листа на импресивни гости водени од Благица Ботиглиеро од Metaverse Mod Squad, Бранимир Бркљац од Terra Panonica, Срѓан Ерцег од Huge Media и други регионални експерти кои ќе зборуваат за интернет трендовите. AllWeb е секако конференција за […]

0 коментари Прочитај 6 октомври, 2014
Мени
Заедница
Изглед
To top