Откако имаше кратка афера со Google, кој потроши 12,5 милијарди долари за производителот на мобилни телефони, сега Motorola се префрла кај Lenovo, кој пак потроши 2,9 милијарди долари да ја откупи од Google. Google призна дека не беше толку заинтересиран за телефоните на Motorola, колку што го интересираше портфолиото на патенти со кои ќе го заштити Android oд тужби. Затоа е и таа голема разлика во цената.
Motorola Mobility сега е официјално дел од Lenovo, но брендот Мotorola ќе опстане како компанија која ќе произведува Android телефони. Motorola ќе добие лиценца да ги користи патентите кои ги продаде на Google, и ќе продолжи да развива паметни телефони со кои ќе му помогне на Lenovo да стана поконкурентен на тој пазар. Lenovo не е компанија за потценување бидејќи е лидер на PC пазарот, но заостанува зад Samsung, Xiaomi и Apple кога се во прашање телефоните.
Но, Motorola има адут за новиот пазар на паметните часовници. Moto 360 е можеби најубавиот паметен часовник на пазарот, што, ако се земе во обзир дека паметните часовници треба да бидат и модни аксесоари, значи дека Motorola може да се натпреварува со Apple Watch.
Да се натпреварува со apple watch? Па мото 360 ја мачка на леб во секој поглед таа грдотијата на apple apple watch! Најгрдиот часовник некогаш направен.