Гунтер Отингер од самиот почеток на работата како новиот еврокомесар за дигиталната економија и општество привлече внимание заради контроверзни изјави и најави. Откако ги нарече холивудските ѕвезди глупави бидејќи имаат голи слики на своите телефони, г. Отингер сега најави реформи за постоечките авторски права со кои ќе ги оданочи интернет пребарувачите.
Наречeни како „Google-tax“ реформи, овие правила кои важат во Германија, ќе бидат приватени од цела Европа од 2016-та година. Со нив ќе се оданочат интернет провајдерите да плаќаат кога ќе прикажуваат авторски материјали на својот сајт. Сличните германските закони му забрануваат на Google да објавува само линкови и наслови, но ако сака поголемо парче од содржината ќе треба да обезбеди дозвола од авторот, односно да им плати процент од прикажаните реклами.
„Ако Google земе интелектуална сопственост од Европската Унија и работи со неа, тогаш Европската Унија може да си ги заштити делата и да бара да и се платат“, вели г. Отингер во интервју за Handelsblatt.
Г. Отингер најави и дека ќе воведе агенција за заштита на податоците за цела Европа, пренесува Wall Street Journal. Во моментов Европската комисија има испланирано секој од 28-те земји членки да има своја агенција за заштита на подаотците, откако беше одбиена заедничка агенција во рамки на EУ пред три години кога се воведе легислативата.