Европскиот суд на правдата пресуди дека ембедирањето на видео без дозвола од авторот не ги прекршува авторските права. Според судот, вметнување на авторско видео на сајт преку embed опцијата е легално, се додека на видеото не му е променета содржина или не привлекува нова публика. Видеото е веќе објавено на интернет, што значи дека не е „нова комуникација со нова публика, ниту се користат специфични технички можности што се поразлични од тоа што е искористено при оригиналната комуникација“. Пресудата доаѓа од спор помеѓу компанија за филтрирање на вода BestWater International и двајца конкурентни промотери кои на својот сајт споделиле видео на BestWater, што било објавено на YouTube со вклучена embed опција.
Европскиот суд ја базира одлуката за ембедирање според претходната пресуда дека агрегаторите за вести се легални. Во тој случај беше наведено дека агрегаторите можат да користат линкови кои водат до други сајтови, односно да редиректираат публика до сајтови со заштитена содржина која е бесплатна. Како и со хиперлинковите, така и ембедираното видео не смее да води кон „нова публика“ која европскиот суд ја објаснува како публика која не била земена во обзир од креаторот на делото кога прв пат го објавил делото. Ако авторото сака да го ограничи споделувањето, ќе треба да ја блокира embed опцијата која е достапна на сите видео сервиси, а од неодамна и на Facebook и Twitter.
Импликацијата од одлуката се важни и за обичните корисници, но и за сајтови кои стримаат содржина, пренесува Torrent Freak кој тврди дека ја видел официјалната пресуда што ќе биде објавена наскоро. Одлуката ќе им дозволи на корисниците на своите сајтови да закачуваат ембедирани видеа кои не се нивно дело, а на медиумтие и блогови ќе им дозволи да споделуваат дополнителна видео содржина. Но, истовремено ќе им дозволи на други сајтови да ембедираат iframe-ови од стримери на нелегална содржина, без страв дека ќе бидат казнети. Ова се однесува на сајтови кои стримаат спортски натпревари, и други ТВ настани, во живо без лиценци.
Oва е пример на ембедирано YouTube видео:
[youtube]KIa47M8rSfM[/youtube]
Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.