GG.mk S01E03: Кај се кријат македонските инди игри?

во ИТ.МК, Софтвер

Инди заедницата во Македонија е релативно млада. Стартуваше од пред две-три години со организирање на настани како Game Jam, Инди пиво, и креативни (и интернационални) Alt Ctrl настани за креирање на алтернативни контролери. Но, и покрај целиот ентузијазам и талентирани развивачи, сепак е реткост да најдеме македонски игри. Зошто?

Според Гораст Цветковски, попознат како Skullmonkey и еден од водителите на емисијата за игри GG.mk, причина е што македонските независни студија не ги покажуваат своите игри пред заедницата која може да ги промовира и поддржи. Совет од GG.mk за промоција на игрите е да го следат примерот на филмската индустрија. Гораст е актер, Данко Димковски е продуцент, и знаат дека филмовите први објавуваат трејлер за да се направи галама, пред да почнат да работат на конечниот продукт.

Но, за среќа има успешен примери во Македонија кои ќе послужат како мотивација за сите идни развивачи. Тука се Tesseract Interactive кои добија 30.000 евра за својата Excubitor која е сега а Steam Greenlight. На Steam се гласа и за Raining Blobs, а во тек е изработката на две игри, Wounded и Last Hope, кои ги знаеме само по трејлери, и кои се водени од млади тимови. Има и неколку откачени проекти од Alt Ctrl кои можеби се најдобар пример дека има креативност кај македонските развивачи.

За среќа ги имате и IT.com.mk и GG.mk како медиуми кои сакаат да чујат за вашата инди игра; да ја погледнеме, играме, промовираме и да ја поддржиме македонската гејминг заедница. Пишете ни!

Покрај дискусијата за независните игри, на GG.mk се рецензираше и хуморот на Borderlands, хоророт на The Evil Within, спакуваниот Gygabyte Brix и секако финалето во League of Legends во Јужна Кореја кое постави рекорд од 32 милиони гледачи.

Disclaimer: IT.com.mk е медиумски партнер на GG.mk бидејќи веруваме дека гејмингот е добро хоби и одличен е-спорт.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk