Виктор Дано

2.842 написи активност: 12/2008 - 10/2016

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Редакција
1
Виктор Дано Свет

Студентот кој го направи YouTube Instant доби работа во YouTube

Студент од Станфорд универзитетот доби работа во YouTube откако го креираше YouTube Instant. Импресиониран од Google Instant Ферос Абокадија на својот цимер му рече „се кладиме дека ќе направам YouTube Instant за еден час“. Три часа подоцна тој го објави сервисот.

1 коментар Прочитај 13 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб

YouTube тестира платформа за стримање видео во живо

YouTube во наредниве два дена (13-14 септември) заедно со четири партнери ќе тестира платформа за стримање во живо која има и можност за коментирање во живо.

0 коментари Прочитај 13 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Совети

Oткријте ги популарните Facebook страни

Надополнето: Страната е тргната и линкот не работи. Ова може да значи дека или има грешка со веб апликацијата или Facebook само ја тестира оваа опција.

3 коментари Прочитај 13 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Совети

Поништете го пратениот имејл со Gmail Undo

Сигурно понекогаш сте се покајале за грешно пратен имејл. Доколку користите Gmail тогаш има место за поправка. Во опциите на Gmail е и Labs менито, лабораторијата каде се тестираат нови опции за сервисот. Меѓу тие опции се наоѓа и Undo Send опцијата со која му давате 5 од 30 секунди време за предомислување пред да биде пратен мејлот.

0 коментари Прочитај 10 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер

Apple дозволи користење на трети алатки за креирање апликации

Apple објави соопштение во кое рече дека ги трга рестрикциите околу прифаќање на апликации за iPhone, iPad и iPod. Компанијата е позната по своите стриктни правила кои ги наметнува на програмерите, како забрана за користење на не-Apple алатки за развивање aпликации. Но сега тоа се менува.

2 коментари Прочитај 10 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Надополнето: Google одсега со инстант пребарување

Google го претстави инстант пребарувањето со кое добивате динамични релевантни резултати во моментот додека го куцате терминот кој ве интересира. Ново е и предвидувањето на терминот кој сега се појавува како сиви букви. Ова не само што ќе го направи пребарувањето позабавно, туку Google ќе ви понуди куп различни линкови за кратко време т.е. додека пишувате еден термин.

5 коментари Прочитај 9 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Софтвер

Firefox 4 бета 5 претстави HTML5 аудио API

Петата бета верзија на Mozilla Firefox 4 го претстави аудио API-то, има промена на менијата за Windows верзијата и сега хардверска акцелерација е вклучена по зададено (default), што ќе го направи прелистувачот побрз, ќе има побрза графика и побезбеден HSTS протокол кој инсистира Firefox секогаш да користи безбедна конекција.

0 коментари Прочитај 9 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер Хардвер

Сите идни Android таблет компјутери

Нa Reddit се појави листава со скоро 20 Android таблет компјутери, од кои некои ќе се појават при крај на годинава, а за други нема датум. За некои модели има и цена, која варира од 99 долари до 500 долари, зависно од спецификациите.

4 коментари Прочитај 7 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Статии

Латасовиот „Фејсбук“

Од „Facebook е креиран од Еф-Би-Ај и ЦИА“ до „комуњарска депресија“... колумната на Драган Павловиќ-Латас во Вечер е уште еден неверојатен обид да се пишува глупости за технологијата што не се разбира со цел да се нанесат политички удари и да се привлече читаност, при тоа нанесувајќи штета на публиката нудејќи им бладање наместо информација.

43 коментари Прочитај 6 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Ловецот ја [што] мечката? Нова интерактивна YouTube кампања

Ловец се соочува со мечка. Ловецот е во паника, ја зема пушката. Да пука или не? Вака започнува YouTube интерактивната маркетинг кампањата на компанијата за коректори Tipp-Ex. Кампањата е креирана од француската агенција Buzzman.

2 коментари Прочитај 3 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Facebook тестира 'претплати се' опција за следење

Се појавија слики кои сугерираат дека друштвената мрежа тестира опција „Subscribe (претплати се)“ со која „нема да испуштите ниту еден статус од луѓето на кои ќе се претплатите“ вели извор за AllFacebook.

0 коментари Прочитај 3 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Google Chrome слави две години со нова верзија

Google стартува нова верзија, шеста на Chrome прелистувачот кој денес го слави вториот роденден. По само две години од стартувањето Chrome стана третиот најкорисен прелистувач на глобално ниво, со десет отсто од пазарот.

0 коментари Прочитај 3 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Apple ја стартува Ping друштвената мрежа за музика

Ping е друштвена мрежа за споделување музика, но не пиратско споделување, туку споделување информации со пријателите за што корисникот слуша во моментот или на кој концерт ќе оди. Друштвената мрежа нема да биде поврзување на пријателите како што е на Facebook, туку ќе може да следите луѓе и нивни плејлисти, налик на Twitter. Ping ќе биде достапен на iTunes и iPhone и iPad уредите.

0 коментари Прочитај 2 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Foursquare, Layar, Scribd… се ИТ пионери за 2011, според Светскиот економски форум

Сервисот за локација, сервисот за проширена, аугментирана реалност, и сервисот за споделување презентации и документи се меѓу 31 пионери на технологијата за 2011 година, според Светскиот економски форум.

0 коментари Прочитај 1 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Greenpeace стартува кампања против Facebook

Greenpeace, еколошката организација, откако го искористи Facebook да го „победи“ Nestlé, велејќи дека „друштвените мрежи можат да ја спасат планетата“, сега се сврте на самата мрежа бидејќи гради дата центар кој користи струја генерирана од јаглен.

1 коментар Прочитај 1 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Барак Обама во живо на YouTube го најави повлекувањето од Ирак

YouTube.com/whitehousе во живо го стримаше обраќањето на американскиот претседателот Барак Обама кој од својата Овална канцеларија се обрати на американскиот народ и ја најави големата вест за повлекувањето на војската од Ирак. г. Обама на почетокот на својот мандат најави дека на 31 август 2010 ќе се повлечат од Ирак.

0 коментари Прочитај 1 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Wikileaks ги префрли серверите во нуклеарен бункер

Контроверзниот Wikileaks префрли дел од своите сервери 30 метри под земјата во нуклеарен бункер во Шведска зад пола метар дебели метални врата и генератори за струја од германски подморници. Бункерот е дата центар на шведскиот интернет провајдер Bahnhof која го хостира Wikileaks.

8 коментари Прочитај 31 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

OMG! Facebook е недостапен! Почни да паничиш… сега!

Друштвената мрежа е недостапна за многумина корисници, некои забележуваат дека избришаните и објавените постови се враќаат, односно ги снемува. Некои корисници тоа ги нервира, други пак се шегуваат... а трети пак како Tocka.com.mk паничат бидејќи:

5 коментари Прочитај 31 август, 2010
Мени
Заедница
Изглед