5 коментари 2 мин. читање

OMG! Facebook е недостапен! Почни да паничиш… сега!

„Ова е многу лоша вест, бидејќи многумина зависат од него во својата секојдневна работа.“

Колку и да Facebook ни го исполнува денот, сепак факт е дека се уште никој од нас 500 милионите корисници не работиме нешто паметно на мрежата. Единственото нешто што би било поврзано со проблем во работата е некоја корпоративна фан страна да не може да објави итно соопштение на мрежата, соопштение кое би го имало на сајт. Сите останати… најголем проблем е што е утната партијата покер или што нема да може да кликнеме Like.

Во моментот Facebook е друштвена мрежа која се гради, не според бројот на корисници туку според функционалност. Мрежата има потенцијал, но во моментот освен исполнување на слободното време не нуди ништо позначајно, ништо што го нема на некој сајт.

Затоа смирете ги страстите, испијте вода и шеќер, се работи за сервис кој како и сите други веб сервиси зависи од инфраструктура која може да падне. Се сеќававте од каде добивавте информации пред Facebook? Како разговаравте со пријателите? Кафуле, парк, прошетка? Можеби сте во затворено тогаш Skype, месинџер? … НЕ! Не ви текнува на тие работи?

…ок, почни со општиот хаос! Фејсмагедон, Фејсбукалипса, или како сакате!

Надополнето: Facebook jа поправи грешката што прави сајтот да биде спор за некои корисници.

во продавничка кај мене за 15 минути снема брашно, зејтин, млеко…. #facebookdownTue Aug 31 12:53:48 via TweetDeck

Полициски хеликоптери над Скопје. Навистина Facebook паднал бе….. :(Tue Aug 31 13:37:42 via TweetDeck

Фејзбук падна од премногу честитки за роденденот на Грујо :)Tue Aug 31 13:42:46 via TweetDeck

Масовна паника,Г-20 се собраа да видат што е проблемот,а Обама ја ангажираше националната гарда,што прават македонците? Tue Aug 31 13:39:22 via web

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top