Освен што е место за да се допишувате или споделувате фотографии со пријателите, Facebook нуди и куп разни информации. Тие информации, дали се од бренд или некоја корисничка група, доаѓаат од фан страните. Проблемот со фан страните е што се малку заскриени. Или ќе ги најдете преку сугестија од некој пријател или ќе мора да пребарувате сами.
Затоа Facebook стартува апликација за преглед на сите фан страни.
„Откријте ги популарните Facebook страни“ е веб апликација преку која ќе ги најдете сите популарни фан страни излистани според неколку категории. Прикажаните за вас популарни страни се според вашите пријатели и според корисниците од регионот, во овој случај Македонија. Доколку сакате можете да ги видите сите популарни страни во други земји.
Со листата не мора да ги посетувате сите страни за да се претплатите на нив. Доколку ви се допаднат некои страни само кликате Like и продолжете да ја разгледувате листата. Доколку се предомислите за некоја кликнете пак на сликата.
Доколку пак сакате да посетите некоја фан страна, кликнете на линкот под сликата.
Ова е супер алатка на Facebook за да популаризира фан страните. Прво, ќе ги поврзе брендовите и корисниците со што самите страни и мрежата ќе добијат комерцијална вредност. И второ, ова е одличен начин за корисниците да ги најдат сите потребни информации кои се директно пласирани на нивниот ѕид.
(via @pastirot)








вчера работеше кај мене само на англиски, на македонски не работеше.
Линкот не работе, може треба да се скрати она browser.php?
Toj e linkot… ne znam sto se slucilo. :S