4 коментари 1 мин. читање

Сите идни Android таблет компјутери

Моментално со таблет пазарот владее Apple-овиот iPad. Моќта на Apple-овите уреди, освен хардверските спецификации, се големиот број апликации што претставува сериозен проблем за секој индивидуален производител. Apple App Store има околу 250.000 апликации за iPhone, iPod и iPad.

Но Android е сосема друга приказна. Бројот на Android апликации се искачи на скоро 100.000, а од нив 60% се бесплатни. Тоа што важно за бројот на апликациите е што Android се појавува на се поразлични уреди, од мобилни телефони до сега идните таблет компјутери. Се повеќе производители го прифаќаат Android и со тоа го мотивираат развивањето на апликации.

Друга предност на Android е што корисникот има избор. Пример, ако Apple iPad чини 500 долари, корисникот ќе може да си одбере Android таблет уред за 99 долари или за 199, можеби и 399 или 550 долари. Покрај цената има уредите се со различни спецификации. Од 5 инчни екрани до 11 инчни, со камери напред и без, со Blootooth и GPS или без… За секој по нешто.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top