0 коментари 2 мин. читање 3 септември, 2010

Google Chrome слави две години со нова верзија

„Во август 2008, JavaScript беше 10 пати поспора, HMTL5 поддршката уште не беше важна карактеристика за модерен прелистувач и идејата за мулти-процесирачки прелистувач беше само проект во истражување. Сите прелистувачи поминаа долг пат во последниве две години и вебот стана позабавен и покорисен.“ вели Chrome тимот во блог пост.

Според користеноста од посетителите на IT.com.mk во последниот месец, Chrome е на второ место со 34% користеност зад Firefox со 50 отсто. Пред година дена Chrome имаше само 8%, и беше зад Internet Explorer, додека Firefox доминираше со 70 отсто. Ова јасно кажува дека Google објави конкурентен продукт кој се повеќе зема замав како во користеност, така и во бројот на сега 6.000 додатоците. Идните планови можат да бидат уште позитивни за Chrome, ќе се стартува Chrome продавница за апликации и Chrome оперативен систем.

Конкурентноста ги поттикнува идеите. Среќен втор роденден Chrome!

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top