8 коментари 1 мин. читање

Wikileaks ги префрли серверите во нуклеарен бункер

Wikileaks е сајт кој објави број доверливи информации, последниoт „Авганистански дневник“ содржеше 92.000 документи за авганистанската војна. Сајтот е мета на неколку организации и на американските власти кои се обидуваат да го изгасат од страв дека ќе се објават други важни информации, како на пример уште 15.000 доверливи документи за авганистанската војна кои Wikileaks ги најави.

Нуклеарен бункер дефинитивно делува како сигурно место, серверите се подобро физички заштитени, но сите кои сакаат да го снема Wikileaks се обидуваат да го направат тоа преку законски мерки. Според директорот на Bahnhof, Џон Карлунг бункерот е повеќе како метафора за способноста на провајдерот.

„Интернетот треба да биде отворен извор за слободата на говор, и улогата на провајдерот е да биде неутрална технолошка алатка за пристап, не инструмент за собирање лични информации од корисниците.“ вели г. Карлунг за Forbes.

Подолу е видео од бункерот, а повеќе слики ќе најдете тука.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

8 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top