Музиката, како и видеото, е голем дел од Apple-овиот бизнис. Корисникот со сите уреди iPod, iPhone и iPad може да слуша музика која ја симнува од iTunes што е е-продавница за забавна содржина. Сo Ping само ќе ги додатно мотивира љубителите на музиката да споделуваат автори, добри песни, музичари, бендови…
На истиот настан Аpple претстави и нова верзија од е-продавницата, iTunes 10 која е достапна за симнување и која го има интегрирано Ping. Зборувајќи за продавницата Стив Џобс, директорот на Apple, откри неколку статистички податоци. Имено луѓето до сега симнале 11.7 милијарди песни, 450 милиони ТВ серии, 100 милиони филмови и 35 милиони книги и има 160 милиони кориснички профили кои се поврзани со кредитната картичка од 23 земји.
Токму тоа е предноста на Apple-овиот Ping пред другите музички друштвени мрежи, пример Last.fm. Ping започнува со 160 милиони корисници од 23 земји чија кредитна картичка е поврзана со iTunes, што значи 1 клик купување на забавна содржина.