Виктор Дано

2.842 написи активност: 12/2008 - 10/2016

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Редакција
1
Виктор Дано Веб Друштвени мрежи

Мozilla F1 е додаток кој ви ги додава Facebook, Twitter и Gmail во Firefox

Мozilla Labs го претставија F1 додатокот со кој можете да постирате содржина на Twitter и Facebook или да праќате мејлови преку Gmail. F1 е се уште во експериментална фаза, но може да биде интересно решение како замена за копчињата за споделување или за неодамна објавениот прелистувач за друштвени мрежи Rockmelt.

0 коментари Прочитај 11 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Софтвер

Прв поглед на Rockmelt, со слики

Rockmelt е нов и е доста интересен прелистувач. Се што сакате од друштвените мрежи, пред се Facebook, го имате на еден клик од вас, пријателите од лево, фидовите од десно, сурфањето на интернет пред вас... Прелистувачот е во затворена бета, но секој корисник кога ќе добие пристап добива неколку покани кои ги праќа кон другите корисници. (tnx Митко за поканата)

1 коментар Прочитај 10 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Google.com доби инстант прегледување на страни

Покрај инстант пребарувањето, Google додаде и инстант прегледување на веб страни во резултатите. Имено, кога ќе пребарувате некој термин, линковите во резултатите ќе имаат опција (знак на лупа) за визуелен прeглед на веб страните пред да кликнете на линкот.

0 коментари Прочитај 9 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Facebook го изигра Google, ја заобиколи блокадата за извлекување Gmail контакти

Google го смени Contact API-то да не дозволува трети, надворешни сајтови да извлекуваат Gmail податоци на сервиси кои не дозволуваат споделување на податоци. Тоа значи дека сега нема да можете да ја користите автоматската опција за додавање пријатели од други сервиси на Facebook. Но, како за инает на Google, Facebook најде начин како да ја заобиколи блокадата користејќи се со Gmail решение.

0 коментари Прочитај 9 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Софтвер

Rockmelt, прелистувач за друштвени мрежи

Rockmelt е нов интернет прелистувач кој е прилагоден за користење друштвени мрежи. Концептот за Rockmelt е доста интересен, бидејќи се наоѓа во „облакот“ сите ваши одбележани омилени страни и букмаркови ќе ви бидат достапни од било кој компјутер каде е инсталиран RockMelt, логирајќи се само со Facebook идентификација.

0 коментари Прочитај 8 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Совети

Како да инсталирате Windows 3.1 на iPhone

Инспирирани од iDos, апликација-емулатор со која можат да се играат прастарите аркадни Dos игри на iPhone, момците од Pikigeek направија водич како да се инсталира од 1992-ра Windows 3.1 на модерните мобилни уреди.

0 коментари Прочитај 8 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ

Можност да ве снема: ЕУ сака нови правила за заштита на лични податоци

Европската комисија предлага осовремување на правилата за заштита на личните податоци кои се дефинирани во 1995 година кога Google се уште беше во гаража, и да воведе правила кои ќе го лимитира собирањето податоци и креирање можност за граѓаните „да бидат заборавени“ по користење на веб сервисите.

0 коментари Прочитај 5 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Совети

Лесна конверзија од PowerPoint презентации во Pdf документи

Некако изгледа лошо кога ќе добиете нечија целa PowerPoint презентација во .ppt формат бидејќи се се приметуваат сите вметнати делови... многу подобро би било да добиете еден единствен документ кој ќе ви ја претстави презентацијата, пример .pdf.

2 коментари Прочитај 5 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Совети

Дај да ти побарам на Google за тебе!

Дај да ти побарам на Google за тебе - mk.lmgtfy.com е сервис кој сака да каже дека понекогаш Google знае повеќе од сите други кои ги малтретирате за помош. Пример, има n00bs кои соочени со компјутерски проблем ги малтретираат ИТ гиковите, претпоставувајќи дека ако знаеш Linux тогаш мора да знаеш и Windows, Mac и обратно... Сигурен сум кога се соочени со непознат проблем секој кој знае нешто од ИТ прво што прави е да пребара на Google, барајќи директно решение и подетално објаснување.

6 коментари Прочитај 5 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

СДСМ со Facebook видео, ВМРО со мотивациски пост

Ангажирањето на политичките партии на друштвените мрежи е интересно нешто бидејќи мрежите нудат можност за директни контакти, за коментирање, разговор, споделување информации со граѓаните... Но, за жал, во моментот се се сведува на кој колку фанови има...

0 коментари Прочитај 4 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Софтвер

Најава зa mkdot.net Code Camp 2010 конференција

Македонската .НЕТ заедница на програмери, МКDot.NET, ја организира втората Code Camp конференцијата. На конференцијата, која ќе се одржи на 6-ти ноември, сабота, во просториите на ФОН Универзитетот, ќе зборуваат 10 домашни и странски предавачи за актуелни теми од областа на софтверското инженерство. Предавањата паралелно ќе се изведуваат во две сали со почеток од 8:30 часот.

1 коментар Прочитај 4 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Facebook ќе ги мобилизира бизнисите преку Places

Facebook најави неколку мобилни новини, како логирање со еден клик на апликации и воведување на Facebook Deals, кои се интегрирани понуди на локалните бизниси преку сервисот за локација Places.

0 коментари Прочитај 4 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Хак-атак/Приватност

Google прати Gmail до сите објаснувајќи го спорот за приватноста на Buzz

Интернет гигантот им прати на сите Gmail корисници имејл во кој го објаснува резултатот од судскиот спор против него заради пропустите во приватноста на Google Buzz.

0 коментари Прочитај 3 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Надополнето: Стартува форумот за студенти – fakulteti.com.mk

Сподели знаење, сподели информација. Ова е мотото на новиот македонски форум на fakulteti.com.mk. Форумот е наменет за споделување искуство и комуникација на сите студенти од сите универзитети.

7 коментари Прочитај 3 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Ова е информатичка револуција, вели проф. др. Владимир Трајковски

За некои модерен, за други прагматичен, професорот по хумана генетика на Филозофскиот факултет, Владимир Трајковски ги користи дигиталните друштвени медиуми за да комуницира со студентите и да споделува информации за студиите и истражувања преку својот блог и преку својот Facebook профил.

2 коментари Прочитај 3 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Бугарски Facebook хит

Да, Facebook е дел од популарната култура и затоа е потребно да се испее. Подолу е видео од бугарската фолк пејачка Гергана и нејзината песна за друштвената мрежа. По тоа што разбрав, флертувањето започнува на Facebook, за потоа да стане реалност. Можеби Гергана сака да ни каже дека реалната комуникацијата е поважна од дигиталната? Уживајте! :P

7 коментари Прочитај 2 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Twitter ќе вметнува реклами во корисничкиот стрим

„Кога ги стартувавме Promoted Tweets во април, го најавивме планот за постепено нивно стартување во сите места каде корисниците го користат Twitter: прво во пребарувањето на Twitter.com, подоцна во пребарувањето преку нашите партнери, и евентуално во корисничкиот стрим.“ вели Twitter во блог пост.

0 коментари Прочитај 2 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб ИТ.МК

Како вашиот локален бизнис да се појави на Google Places

Google го претстави Place Search, oдносно пребарување кое ги организира информациите преку локации. Пример, ако пребарувате хотели во Скопје, Places ќе ви прикаже листа од локални хотели со локација заедно со дополнителни информации (како телефон, адреса, сајт, други детали...), наместо да ви ги прикажува вообичаените резултати со дел од локацијата и линкови до сајтови.

0 коментари Прочитај 28 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Надополнето: „Надеж“ – дали YouTube станува македонскиот Wikileaks?

<Надополнето 28.10.10:> На YouTube се појави уште едно видео поврзано со аферата „Надеж“, односно видео за документите во кои се разговара за ПР стратегијата. И овојпат видеото е закачено од анонимен корисник кој се регистрирал на YouTube истиот ден, 27.10, кога е закачено видеото. </надополнување>

2 коментари Прочитај 28 октомври, 2010
Мени
Заедница
Изглед