Avatar photo

Дејан Соколоски

8.754 написи активност: 04/2011 - 09/2026

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести

Доналд Трамп ги тужи Google, Facebook и Twitter за цензура

Поранешниот претседател на САД, г. Доналд Трамп смета дека е жртва на цензура и започна судски спорт против дел од најголемите друштвени мрежи. Покрај Google, Facebook и Twitter, дел од тужбата се и директорите, Марк Закерберг, Сундар Пичај и Џек Дорси. „Бараме да се стави крај на ова отстранување во сенка, крај на замолчувањето, додавањето […]

2 коментари Прочитај 8 јули, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести

Parallel Ads технологијата која ги менува рекламите во спортските преноси

Една од технологиите кои се пробиваат на Европското фудбалско првенство е Parallel Ads. Технологијата овозможува динамички промени на рекламите на стадионот за потребите на преносот. Наменета е за сопствениците на правата за пренос и овозможува во четири различни преноси да бидат прикажувани целосно или делумно различни реклами. Ова на сопствениците на правата им овозможува да […]

0 коментари Прочитај 8 јули, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни

Covid пасошот ќе може да се интегрира во Android

Апликациите кои се користат како потврда за Ковид-19 имунизација наскоро би можеле да бидат заменети со едноставни картички. Google на блогот за девелопери објави дека Passes API ќе може се користи за чување и пристап до податоците за Ковид вакцинација на Android. Ова ќе им овозможи на програмерите кои работат во државни агенции или здравствени […]

1 коментар Прочитај 7 јули, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести

Во нападите во Газа, Израел користел вештачка интелигенција за контрола на флота дронови

Израелските одбранбени сили (Israel Defence Forces) во нападите во Газа во мај користеле флоти дронови управувани од вештачка интелигенција. Беспилотните летала биле користени за лоцирање, идентификација и напади врз милитантите на Хамас, пренесе New Scientist. Леталата преку вештачка интелигенција и суперкомпјутери кои ги обработуваат податоците, идентификуваат и елиминираат цели во Појасот Газа. Израел ја користи […]

0 коментари Прочитај 6 јули, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хак-атак/Приватност

Над 1000 компании потенцијални жртви на голем ransomware напад

Над 20 сервиси на Kaseya кои ги користат мали и средни компании се цел на сајбер напад. Проценката е дека последици од нападите чувствуваат над 1000 компании кои го користат софтверот на Kaseya. Од една од жртвите е побаран откуп од 5 милиони долари, пренесе Bleeping Computer. Американската ИТ-компанијата Kaseya од Флорида е првата жртва […]

0 коментари Прочитај 5 јули, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени игри

Полицијата во САД ги злоупотребува алгоритмите на YouTube

Бизарен инцидент на протест пред судницата во Алмеида во Оукленд, Калифорнија покажува колку е едноставно да се злоупотребат алгоритмите кои YouTube, но и останатите платформи ги користат за отстранување на содржина во која има музика заштитена со авторски права. Расправија помеѓу полицијата и неколку демонстранти пред судницата започна сосем нормално. Во еден момент полицаецот го […]

1 коментар Прочитај 2 јули, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Промени во глобалниот даночен систем ќе ги зафатат најголемите технички компании

Претставници на 130 држави помеѓу кои е и Македонија се согласија да го променат светскиот даночен систем за да обезбедат компаниите да плаќаат фер данок без разлика каде работат. Измените глобално би можеле да генерираат дополнителни 150 милијарди долари. Промена во даночењето ќе ги спречи најголемите компании да ја префрлаат својата заработка во даночни раеви […]

0 коментари Прочитај 2 јули, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хак-атак/Приватност

Податоци од 700 милиони LinkedIn профили понудени на продажба

Име и презиме, пол, работно место, компанискa имејл адреса, дата на раѓање, адреса на работа, телефонски броеви, Facebook и Twitter ID и линкови, титула во кариерата, регион, па дури и GPS координати се дел од сетот на податоци кој е понуден на продажба на скриениот интернет (Dark Web). Во примерокот кој е споделен како доказ […]

0 коментари Прочитај 30 јуни, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести

Copiliot e aлатка креирана од Microsoft и Open A.I. која им помага на програмерите во пишувањето код

Ова лето Microsoft (преку GitHub) и Open A.I. ќе претстават алатка која ќе го олесни пишувањето код. GitHub Copilot ќе им помага на програмерите со предлози на линии код или цели функции. Github Copilot е дел од Visual Studio Code едиторот и во текот на пишувањето го анализира кодот кој е напишан и дава предлози […]

1 коментар Прочитај 30 јуни, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Првата DDR5-4800 меморија излезе во продажба иако нема процесор кој ја поддржува

TeamGroup ја претстави првата плочка DDR5 меморија. Она што е поинтересно е дека нема каде да се користи. Засега нема процесор и матична плоча кои ја поддржуваат меморијата и веројатно ќе треба да почекаме до излегувањето на Alder Lake процесорите од Intel. Меморијата е на 4800 MHz, со тајминг (CL) 40-4-40-70 и работен напон од […]

0 коментари Прочитај 29 јуни, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести

Глич го спречува Hubble во собирањето на податоци

НАСА работи на отстранување на проблемите на „payload“-компјутерот на Hubble, но засега нема некаква прогноза за времето кога телескопот ќе продолжи да работи нормално. Проблемот е предизвикан од грешка на компјутерот произведен во 80-те години, а истата грешка се повторува и кај бекап компјутерот. Поради ова од 13 јуни Hubble не собира податоци. Последните тестови […]

1 коментар Прочитај 29 јуни, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести Свет

Робот-кучето Spot се подготвува за истражување на други планети

Кога на крајот на минатата година Hyundai објави дека го купува Boston Dynamics помисливме дека објавите за роботите ќе бидат поздодевни. По се изгледа се излажавме, а последното видео е одличен пример за тоа. Boston Dynamic и NASA ги тестираа и претставија можностите на роботот Spot и вештачката интелигенција NeBula. Вештачката интелигенција овозможува испитување и […]

0 коментари Прочитај 28 јуни, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни

Google и Jio Platforms најавија нов евтин паметен телефон

JioPhone Next е нов паметен телефон изработен од индиската компанија Jio Platforms. Компанијата е во сопственост на најбогатиот Индиец, Мукеш Абрани, но она што е поинтересно е дека Google и Facebook се стратешки инвеститори во компанијата и поседуваат 7,73, односно 9,99 отсто од акциите. ЈioPhone Next доаѓа со супер оптимизирана верзија на Android, a фокус […]

0 коментари Прочитај 25 јуни, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести

Microsoft и официјално го претстави Windows 11

Веќе имаше неофицијална најавa, а протекоа и неколку слики кои ни покажаа како ќе изгледа следната верзија на Windows, а сега веќе имаме и официјална потврда. Microsoft го претстави Windows 11. Ова значи дека и името на оперативниот систем нема да биде променето, а „Sun Valley“ ќе остане само кодното име во текот на развојот. […]

1 коментар Прочитај 25 јуни, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести

Џон Мекафи пронајден мртов во својата затворска ќелија

Основачот на компанијата која креираше еден од најпрепознатливите анти-вируси McAfee, Џон Мекафи е пронајден мртов во својата затворска ќелија. Одделот за правда на Каталонија објави дека сè укажува дека г. Мекафи си го одземал животот. Телото на основачот на McAfee е пронајдено само неколку часа откако властите во Шпанија се согласија да го екстрадираат во […]

1 коментар Прочитај 24 јуни, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ

Европа претстави план за тим за брзи интервенции во случај на сајбер-напади

За справување со зголемениот број напади Европската Унија претстави законска рамка со која ќе се основа заеднички тим за брза одбрана од сајбер напади. Оваа година помеѓу жртвите на напади беа: Европската агенција за медицина, неколку полски политичари, и болници во Ирска и Франција. Тимот ќе се справува со нападите во реално време, и ќе […]

0 коментари Прочитај 23 јуни, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ

YouTube не е одговорен за авторски права на содржина која ја качуваат корисниците

Google успеа да извојува мала, но важна победа пред Европскиот суд на правдата. Google и останатите онлајн платформи не се одговорни за содржината која нивните корисници ја поставуваат на платформите. Исклучок на ова е ако платформите не преземале брза акција за да ја отстранат или блокираат оваа содржина. Одлуката на судот доаѓа во спор стар […]

0 коментари Прочитај 23 јуни, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести Криптовалути

Забраната за копање на криптовалути во Кина ги поевтини графичките картички

Конечно некакви добри вести за гејмерите кои чекаат графички картички. Забраната за копање на крипто-валути во Кина значително ја намали цената на графички-картички. За некои од картичките како Asus TUF Gaming GeForce RTX 3060 OC Edition промената е значителна и изнесува дури 45 отсто. Драстичната промената на цените доаѓа откако и Сечуан им нареди на […]

1 коментар Прочитај 22 јуни, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Огромни автоматизирани преси го зголемуваат производството на Tesla автомобили

Производството на поевтини електрични автомобили е една од работите кои Елон Маск ги ветува одамна. За жал возилата и натаму не се поевтини, а иако е на самиот врв кога се проценува вредностa на производителите на возила, Tesla произведува значително помалку автомобили од конкуренцијата. Giga Press е огромна автоматизирана преса за лиење која треба да […]

1 коментар Прочитај 22 јуни, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи

Kickstarter поддржувачите на Oculus беа во право, Facebook сепак ќе им покажува реклами

На виртуелната реалност и недостасува содржина и поголема прифатеност, но Facebook веќе започна да им покажува реклами на првите корисници. Рекламите за Oculuс засега се во тест фаза, а може да ги забележат играчите на играта Blaston. Ова е почеток, но веќе има најави за додавање на виртуелни реклами и во видеоигрите на други развивачи. […]

0 коментари Прочитај 22 јуни, 2021
Мени
Заедница
Изглед