Промени во глобалниот даночен систем ќе ги зафатат најголемите технички компании

во Свет

Претставници на 130 држави помеѓу кои е и Македонија се согласија да го променат светскиот даночен систем за да обезбедат компаниите да плаќаат фер данок без разлика каде работат. Измените глобално би можеле да генерираат дополнителни 150 милијарди долари.

Промена во даночењето ќе ги спречи најголемите компании да ја префрлаат својата заработка во даночни раеви и да избегнат фер плаќање на данок. Организацијата за економска соработка и развој објави дека 130 држави  ја поддржале иницијативата за минимален ефективен корпоративен данок од 15 отсто. Естонија, Унгарија, Ирска и Барбадос се дел од државите кои се спротивставија на реформата.

Со промените ќе бидат зафатени 100-те најголеми компании помеѓу кои секако се Google, Amazon, Apple и Facebook.

Иницијативата ја поддржаа сите G20 држави, а министрите за финансии на 9 јули треба и официјално да ја потпишат спогодбата.

По години интензивна работа и преговори, овој историски пакет ќе обезбеди големите мултинационални компании да платат фер данок насекаде.

Овој пакет не jа елиминира даночната конкуренција, ниту треба да го направи ова, но поставува мултилатерални договори за истата. Исто така треба да задоволи различни интереси на преговарачката маса, вклучувајќи ги и интересите на малите економии и јурисдикциите во развој. Во интерес на сите е да постигнеме кончен договор помеѓу сите членови на Инклузивната рамка (Inclusive Framework Members), вели Матјас Корман, генерален секретар на Организацијата за економска соработка и развој.

Што има во првиот столб

Компаниите во иднина ќе треба да плаќаат данок на заработка штом надминат определена граница во сите држави каде оперираат. Оригинално овој столб беше наменет за компании од техничкиот сектор, но сега ќе ги опфаќа сите компании со промет поголем од 750 милиони евра. Единствен исклучок се транспортните компании.

Со овој столб ќе се овозможи и префрлање на средствата од оданочувањето од државата каде компаниите имаат седиште во држави каде компаниите го остваруваат профитот, без разлика дали имаат седиште во овие држави.

Ова се однесува на 100-те најголеми компании кои имаат заработка од над 20 милијарди долари годишно и маргина на профит пред оданочувањето од 10%. Овој праг можеби ќе се намалува. По седум години е предвидена анализа на резултатите и може да бидат опфатени и компании со заработка над 10 милијарди долари.

Втор столб

Со вториот столб треба да се обезбеди минимален корпоративен данок за компаниите да не можат да се селат во држави кои ќе им понудат минимална цена. Со поставување на глобален минимум на корпоративниот данок треба да се обезбеди крај на трката која држава ќе го намали данокот најмногу.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk