НАСА работи на отстранување на проблемите на „payload“-компјутерот на Hubble, но засега нема некаква прогноза за времето кога телескопот ќе продолжи да работи нормално. Проблемот е предизвикан од грешка на компјутерот произведен во 80-те години, а истата грешка се повторува и кај бекап компјутерот. Поради ова од 13 јуни Hubble не собира податоци.
Последните тестови се одржаа на 23 и 24 јуни, но тестовите досега не дадоа дефинитивен одговор за тоа што ја предизвикува грешката. Проблемот спречува читање и запишување во меморијата.
„Payload“-компјутерот на Hubble е составен од 3 модули:
- Central Processing Module (CPM) – ја координира работата на инструментите
- Standard Interface (STINT) – кој посредува во комуникацијата помеѓу CPM и другите компоненти
- communications bus – линии на комуникација на хардверот низ кои поминуваат сигналите и податоците
- Еден активен мемориски модул во кој се наоѓаат операциските команди до инструментите. Има три дополнителни модули кои се резерва.
Во текот на дијагностиката се тестирани различни комбинации на хардверот и сите тестови на примарниот и резервниот компјутер завршиле со грешка која спречува читање и запишување од и во меморијата. Инженерите не веруваат дека е можно сите модули да имаат грешка, па продолжуваат со тестирање.
Еден од потенцијалните проблеми на кој инженерите сега се сомневаат е регулаторот на напон. Ако грешката е тука тогаш модулите не добиваат константен напон што предизвикува грешки во работата. Секако тестирањето продолжува додека не биде пронајдена вистинската причина за проблемите.
Hubble е во орбита од 1990 година и оттогаш снимил некој неверојатни снимки од Вселената. Еве дел од нив, а секако може да пронајдете уште многу други.
[…] која спречува читање и запишување од и во меморијата. Процесот на пронаоѓање на проблемот траеше речиси еден месец, но грешката е лоцирана, и […]