Првата DDR5-4800 меморија излезе во продажба иако нема процесор кој ја поддржува

TeamGroup ја претстави првата плочка DDR5 меморија. Она што е поинтересно е дека нема каде да се користи. Засега нема процесор и матична плоча кои ја поддржуваат меморијата и веројатно ќе треба да почекаме до излегувањето на Alder Lake процесорите од Intel.

Меморијата е на 4800 MHz, со тајминг (CL) 40-4-40-70 и работен напон од 1,1 V. DDR5 ќе го следи трендот на DDR4 подобри перформанси и помала потрошувачка на енергија. Спецификациите не се спектакуларни бидејќи ова се почетоците на DDR5, објаснува Tom’s Hardware, додавајќи дека меморијата е во класа со поквалитетните DDR4-4000 32GB (2x16GB) C16 плочки.

Првата DDR5 RAM меморија е достапна во 32 GB (2х16 плочки) и веќе е во продажба за 310 американски долари. Ова секако е значително повисока цена од останатата меморија која е достапна во моментов. Дел од ентузијастите кои едвај ја чекаат нова технологија веројатно ќе ги купат плочките порано. Сепак со оглед на тоа дека нема основна поддршка нема причина зошто да не почекаме.

Ако има добра вест тоа секако е дека DDR5 е конечно достапен. Стандардот беше најавен за 2018, но доцнеше, па и првите плочки наместо да започнат со продажба 2020 доцнат една година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk